Една третина од заболените од КОВИД развиваат ментални или невролошки проблеми во рок од 6 месеци по болеста

Уште минатата година, оваа тема беше на дневен ред и беше спроведено истражување со кое се потврдува дека една третина од заболените од КОВИД развиваат ментални или невролошки проблеми во рок од 6 месеци по нивното заболување.

Една нова студија објавена во „Лансет психијатрија“ ги потврди уште еднаш истите тврдења за кои се зборува веќе некое време, но овој пат спроведено на 81 000 000 пациенти ширум Соединетите Држави, од кои 236.379 лица кои преживеале КОВИД 19 потврдија дека развиле одредени психолошки или невролошки проблеми. Тоа се ненадејни промени во расположението, анксиозност, несоница, деменција, па дури и мозочен удар.

Исто така, пациентите кои преживеале КОВИД 19 имаат поголеми шанси да доживеат такви здравствени проблеми од сите пациенти кои имаат респираторни заболувања, освен коронавирус. Се разбира, ова не се однесува на сите случаи на КОВИД 19, но најмногу на оние кои биле хоспитализирани или имале интензивна нега. На пример, скоро половина од пациентите на одделот за интензивна нега би развиле невропсихијатриско заболување во рок од шест месеци, со 25% од нив да добиваат ваква дијагноза за прв пат во животот, а пациентите со дијагностицирана енцефалопатија за време на болеста тешка состојба на мозок, биле изложени на најголем ризик.

Авторите на оваа студија не можат 100% да потврдат дека КОВИД 19 е поврзана со овие невролошки состојби, но она на што алудираат е дека оние кои преживеале состојба на тешка болест и траума опасна по живот, секако можат да придонесат за развој на ментални состојби.

Всушност, тоа се совпаѓа со она што веќе го знаеме за КОВИД 19 и потенцијалот да предизвика невролошки проблеми и други долготрајни симптоми. Друга неодамнешна студија, објавена во октомври 2020 година, разгледала повеќе од 500 хоспитализирани пациенти со КОВИД-19 и открила дека невролошките симптоми се чести меѓу нив. Од оние хоспитализирани учесници, 82% доживеале невролошки симптоми до крајот на болеста, почнувајќи од главоболка и вртоглавица до енцефалопатија. И без оглед на фактот дека тие ја надминале болеста, тие последователно се појавуваат поради губење на меморијата, тешкотии во концентрацијата, несоница и вознемиреност.

Сè уште има многу неодговорени прашања во врска со поврзаноста на коронавирусот и менталните тешкотии што ги предизвикува, но потребно е болеста да се сфати сериозно, бидејќи сè уште не е доволно истражена.

Прочитајте и: Совети што ќе ви го спасат животот: Избегнете кардиолошки проблеми!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.