Една праска дневно за подобро здравје: Сочно овошје полно со лековити својства

Овошје што лекува

Праската е одличен прочистувач на цревата, придонесува за подобро варење, а истовремено е и добар лаксатив и диуретик

Праската е богата со шеќер, каротин, овошни киселини, протеини, скроб, минерални состојки, витамини А, Б, Ц и железо.

Поради сите нејзини придобивки, таа има широка примена во народната медицина.

Поради големата количини на растворливи растителни влакна, праската помага за подобро варење и одлична е за прочистување на цревата.

Токму тие влакна ги ослободуваат цревата од сите наталожени наслаги, па така организмот се ослободува од токсините, а се зголемува и можност за подобра ресорпција на хранливите материи.

Исто така, праската е одличен лаксатив и диуретик.

Изобилува со антиоксидантни материи, што ги прави извонредни заштитници од многу видови карцином и срцеви заболувања.

Праската е вистинска ризница на бета каротен.

Тука се и многуте витамини од групата Б, меѓу кои и фолацин (Б9), нијацин (Б3), но и витамините Ц, Е и биотин (витамин Х).

Луѓето што имаат проблем со отекување и слабокрвност треба да го консумираат ова овошје, додека сокот од праска им се препорачува на болните со срцева аритмија, намалено лачење на желудочна киселина и чувствителен нервен систем.

Единствено не им се препорачува на дијабетичарите.

Во светот, се’ повеќе се користи и маслото што се добива со ладно цедење на семките, а се покажало како одлично средство и за надворешна и за внатрешна употреба.

Кога се зема орално, дејствува како одличен лаксатив и го намалува холестеролот, додека во надворешна употреба постигнува извонредни резултати при лечењето егземи и заштита на кожата.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.