Дознајте како правилно да ги одржувате ЗАБНИТЕ ПРОТЕЗИ

Совети од експерти

Токму со стручно и правилно одржување значително можете да го продолжите рокот на траење на забната протеза: обезбедено ви е четири-пет години квалитетно користење (со соодветниот квалитет на самата протеза, нормално).

Главно правило е секојдневно (!) да ги отстранувате наслагите од бактерии што во текот на денот се населиле помеѓу протезата и забите. Подетално чистење спроведувајте еднаш неделно. Доколку не го направите тоа, покрај непријатниот здив од устата, може да дојде до болно воспаление на непцата. Исто така, никако не смеете да користите скршена протеза или со пукнатини – така ќе избегнете повреди на слузокожата.

ПРОТЕЗИ ШТО СЕ ВАДАТ

Протезата што се вади треба да се чисти со забна четка и специјална пена по секое јадење (или минимум двапати дневно), исто онака како што ги миете забите. Буквално, секое вдлабнување бара квалитетно чистење. Притоа, не заборавајте на вообичаената нега на забите!

Протезата вадете ја прекуноќ за да дозволите слузокожата на устата да се одмори и да се обнови крвотокот. Задолжително оставајте ја во чаша со средство за дезинфекција.

ПРОТЕЗИ ШТО НЕ СЕ ВАДАТ

Овде посебно внимание треба да му посветите на местото каде што се допира круничката со непцето. Протезата можете да ја чистите со мека најлонска четка и со обична неабразивна паста, со кружни движења. Аголот на наклонот на четката треба да биде 45 степени.

За ефикасно чистење на растојанието помеѓу забите и долниот дел од протезата добро е да се користат специјални кружни четки за протези. А уште подобро е да набавите забен конец.

Штом ќе ја исчистите протезата, добро измијте ја устата со вода. За да избегнете воспаление, усната празнина можете да ја измиете со иригатор за заби (уред што чисти со помош на силен притисок вода или некоја друга течност, дури и на тешко достапните места) и со специјален аптекарски раствор.

Текст: стоматолог Виталија Игоревна Селјванович

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.