Домашен сируп од бозел: Бабин рецепт за сок со вкус на пролет

Бозелот е во полн цут и дефинитивно е време да го собереме тој прекрасен мирис и арома за наредните месеци.

Најпопуларните варијанти на консумација на цветови од бозел се во палачинки, сирупи и чаеви, а сирупот се прави и од бобинки кога ќе дозреат.

Затоа извлековме прекрасен домашен рецепт.

Цветовите од бозел се собираат за време на сончевите денови, и тоа само оние кои се целосно расцветени со жолт сладок прав.

Внимавајте каде ќе ги собирате, загадените места и каналите во никој случај не се добра опција, дајте се од себе за да пронајдете незагадени грмушки. Ова е мерка за околу 4 литри сируп.

Ако сакате повеќе или помалку, прилагодете ги соодносите според вашите потреби.

Ова значи дека за 10 цвета ќе користите литар вода, килограм шеќер и еден лимон, или за 100 цвета ќе ви требаат 10 литри вода, 10 кг шеќер и 10 лимони, по можност непрскани.

Исто така, ќе ви треба поголем сад, како и чисти подготвени стаклени шишиња со капаци за складирање.

За полајт варијанти со помалку шеќер, имајте предвид дека шеќерот е природен конзерванс и дека со намалувањето ризикувате подоцна да се расипе сирупот.

СОСТОЈКИ

  • 30 цвета од бозел
  • 3 л вода
  • 40 гр лимонска киселина
  • 3 лимони
  • 3 кг шеќер
  • ПОДГОТОВКА

    1. Потопете ги цветовите во вода со лимонска киселина и исечени лимони со кора на кругови. Добро измешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.

    2. Исцадете ја течноста следниот ден, а потоа додадете го шеќерот и добро измешајте. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање.

    3. По 48 часа, сирупот е подготвен да се складира и да се чува во стаклени шишиња. На овој начин можете да го чувате до една година на ладно, темно место.

    За 4 литри сируп потребни се 50 цветови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.