Долгото седење може да биде погубно: Еве како да проверите дали имате синдром на „мртов задник“!

Бидете внимателни!

Знаеме дека долгото седење не е здраво, но дали сте знаеле дека од седечкиот начин на живот може да ви настрада задникот?

Сте чуле ли за синдромот на „мртов задник“? Долгото седење на столица, фотелја, пред телевизор или лаптоп влијае негативно на вашето здравје и создава потешкотии на одредени делови од телото.

Од премногу седење може да ви се јави таканаречена „глутеална амензија“, позната и како синдром на „мртов задник“.

Синдромот се развива кога мускулот од задникот глутеус медиус не е доволно ангажиран и со текот на времето ја губи својата функција. Уште една причина за да го активирате овој мускул е токму тоа што тој е главниот виновник за убаво обликуваниот затегнат задник.

Последиците од овој синдром (покрај спуштениот задник) се болка во лумбалниот дел од половината, колковите, колената, па дури и стапалата.

Доколку сакате да проверите дали страдате од овој синдром, пробајте го тестот на Тренделенбург, за кој мора да ја подигнете едната нога во воздух.

Ако карлицата ви падне во делот каде што ногата е подигната, би требало да се загрижите. Тоа значи дека глутеусот во тој дел на телото е послаб.

Клекнувањата, вежбите за глутеус, пешачењето и трчањето се само некои од начините на коишто можете да го активирате задникот и да не дозволите омилениот дел од телото да стане нефункционален.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време