Депресијата е честопати поврзана со физичка болка, еве како да ја препознаете

Не ги игнорирајте овие симптоми

Депресијата е болна, а болката што ја носи најчесто е ментална. Но, додека истражувањата покажуваат дека психијатриските нарушувања можат да бидат многу болни на физичко ниво, поврзувањето на депресијата со физичката болка е ретко.

Повеќето луѓе ќе ја поврзат и опишуваат менталната болест со емоционална болка, како што се тага, плачење, безнадежност и апатија. Но, има многу докази дека депресијата се манифестира и преку физичка болка. Физичките симптоми, забележуваат експертите, се исто толку важни како и емоционално-менталните и не треба да се игнорираат. Ни покажуваат дека депресијата е многу реална и може да биде исклучително штетна за нашето здравје.

Ова се седумте најчести физички симптоми на депресија на кои треба да обрнете внимание:

Замор и чест недостаток на енергија

Иако замор најчесто е поврзан со стресот, тој е главен показател за депресија. Она што го разликува заморот поврзан со депресијата од обичниот замор е фактот дека доаѓа со стрес, раздразливост и апатија. Луѓето кои страдаат од депресија, честопати, и покрај бројот на часови на спиење, се чувствуваат уморни и неспособни да ги извршуваат дневните обврски.

Помала толеранција на болка

Луѓето кои страдаат од депресија, честопати ќе чувствуваат болка и горење во телото без физичка причина за тоа. Како што рековме, болката и депресијата коегзистираат, а честопати оваа болка се јавува во долниот дел на грбот и во мускулите.

Главоболка

Главоболките поврзани со депресија се различни од „обичните“ главоболки. Пациентите ја опишуваат како лесна болка која се јавува најчесто над веѓите. Ваквите главоболки честопати се придружени со чувства како тага, раздразливост и недостаток на енергија.

Проблеми со очите и видот

Истражувањата од 2010 година докажаа дека депресијата навистина може да влијае на видот. Истражувањето докажа дека 80% од испитаниците имаат проблем со препознавањето бело и црно.

Болки во желудникот и абдоменот

Истражувањата од Харвард потврдуваат дека депресијата може да предизвика дигестивни проблеми и болки во стомакот. Поради поврзаноста помеѓу варење и менталното здравје, лекарите дебелото црево честопати го нарекуваат втор мозок. Тагата, вознемиреноста и преоптоварувањето кај депресивните луѓе честопати се придружени со дијареја или запек.

Болката е уште еден начин на кој нашиот мозок комуницира со нас и не треба да го игнорираме. Затоа, ако често имате некои од овие болки и проблеми и ако се поврзани со болки во внатрешноста, консултирајте се со специјалист.

Прочитајте и: Најтешко се открива рак на панкреас: Ова се најраните знаци дека оваа опасна болест го уништува телото!

 

ФОТО: Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време