Дали знаете дека пробиотиците го подобруваат третманот против Алцхајмерова болест?

Фото: Thinkstock

Алцхајмеровата болест е прогресивна болест на мозокот, која се карактеризира со губење на меморијата, говорот и способноста за размислување, како и промени во расположението и однесувањето. Сепак, биолошките промени во мозокот може да се појават дури децении пред да се појават првите симптоми. Во доцните фази на болеста, луѓето честопати не се во состојба да комуницираат и комплетно се зависни од други лица дури и за извршување на едноставните секојдневни задачи.

Тим ирански научници утврдиле дека дневната доза на пробиотици во период од три месеци може да го подобри помнењето и процесот на размислување кај пациентите со Алцхајмерова болест.

Во истражувањето учествувале 52 лица, на возраст од 60 до 95 година, на кои претходно им е дијагностицирана Алцхајмерова болест.

Фото: Profimedia

На крајот, студијата утврдила дека пациентите кои секојдневно пиеле 200 милилитри млеко со четири видови на пробиотски бактерии (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus casei, Lactobacillus fermentum и Bifidobacterium bifidum) оствариле подобри резултати на тестовите за знаење и помнење отколку на почетокот на истражувањето.

Научниците претпоставуваат дека дошло до подобрување на процесот на размислување поради метаболни промени кај испитаниците кои земале пробиотици.

Имено, кај нив е воочено намалување на нивото на триглицеридите и ЛДЛ-холестеролот, како и Ц-реактивниот протеин.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време