Не само мразот од кафулињата – и домашните коцки можат да содржат микроорганизми ако не се подготвуваат и чуваат правилно.
дуваат дека и домашните коцки мраз можат да бидат контаминирани. Проблемот не е во самото замрзнување, туку во начинот на подготовка, складирање и ракување со мразот.
Замрзнувањето не ги уништува бактериите – само го запира нивното размножување. Ако водата е загадена или калапите за мраз не се мијат редовно, микроорганизмите можат да останат присутни и повторно да станат активни кога мразот ќе се стопи. Дополнително, ако коцките се вадат со нечисти раце или се чуваат незаштитени во замрзнувач, лесно можат да се контаминираат.
Домашниот мраз може да впие и мириси и честички од друга храна ако не е покриен. Затоа се препорачува калапите да се мијат со топла вода и детергент најмалку еднаш неделно, да се користи чиста вода за пиење и мразот да се чува во затворен сад или кеса.
Ризикот кај домашниот мраз е генерално многу помал отколку во угостителските објекти, бидејќи со него ракуваат помалку луѓе. Сепак, добрата хигиена останува најдобрата заштита. Ако мразот има необичен мирис, вкус или изглед, најдобро е да се фрли и да се направи нов.
pexels – kocki mraz pijalak limonada