Да не „завива“ стомакот!

Во комплексот мери за воспоставување на микрофлората и работата на цревата значајно место заземаат чајните мешавини

Мислите дека надуеноста е поврзана само со одредени намирници што предизвикуваат гасови? Не сте во право! Може да се појави и како знак на дисфункција на цревата. А тоа е повод сериозно да го сфатите своето здравје.

ШИПКА СО ОРИГАНО

Го подобруваат варењето и спречуваат запек. Иситнете 200 г плодови од шипка и прелејте ги со половина литар вода. Откако ќе зоврие, варете на тивок оган 15 минути. Потоа поклопете и оставете да отстои пет часа.

Паралелно пригответе одвар од оригано: 50 г оригано прелејте со 300 мл вода. Оставете да зоврие, па нека отстои пет часа. Двата одвара исцедете ги, соединете ги, додајте килограм мед и литар алкохол (вотка). Сето тоа помешајте го и чувајте го во фрижидер. Пијте по една лажица трипати на ден, половина час пред јадење. Курата трае додека се потроши добиеното количество.

КАМИЛИЦА, КИМ И ВАЛЕРИЈАНА

Намалуваат создавање гасови и грчеви. Помешајте шест лажици иситнети суви цветови од камилица, четири лажици корен од валеријана и една лажица семе од ким. Една лажица од мешавината прелејте со шолја зовриена вода, поклопете и оставете да отстои половина час. Исцедете, па трипати дневно пијте по половина шолја, половина час пред јадење. Курата трае еден месец.

! На состојките од мешавината можна е алергија. Пред примената консултирајте се со лекар.

Текст: Надежда Иваникова, фармацевтка

Фото: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време