Чудотворно дејство: Еве зошто чашата топла вода на празен желудник е моќен лек!

За добро здравје

Ако пиењето топла вода наутро на празен стомак ви стане рутина, вашето тело засекогаш ќе ви биде благодарно

Водата сочинува 50 до 70 отсто од човечката тежина, што значи дека без редовно консумирање течности, човечкото здравје и живот се доведуваат до прашање.

На секој дел од нашето тело му треба вода, а со мокрење исфрламе во просек околу 1,5 литри вода. Ако на додадеме уште околу еден литар што го излачуваме со потење и дишење, потребата за консумирање на овој извор на живот е уште поголема.

Сите знаеме дека се препорачува да се внесува околу 2 литри  вода дневно. Но дали некогаш сте се запрашале што ќе се случи ако го почнете денот со чаша вода на празен желудник, особено ако е топла?

Ја забрзува дигестијата

Ако испиете чаша топла вода веднаш штом станете наутро, ќе ја подобрите работата на дигестивниот систем, ќе се испразните уште во раните утрински часови и нема да имате проблем со запек.

Поблескав и поубав изглед на кожата

Ако консумирате половина литар вода секое утро, ќе и’ дадете дополнителен сјај на вашата кожа, бидејќи водата ја поттикнува циркулацијата.

Прочистување од отрови

Ако испиете чаша вода наутро, ќе го прочистите организмот од сите насобрани отрови што можат да доведат до болести.

Намалување на болките

Се смета дека топлата вода е најмоќниот природен лек, бидејќи помага при менструалните болки. Топлината ги опушта стомачните мускули и ослободува од грчеви, па така ја смирува и болката. Топлата вода е добра за сите видови грчеви и затоа што ја поттикнува капиларната циркулација и на тој начин ги опушта мускулите.

Брзо слабеење

Чашата вода наутро ја поттикнува измената на материите во организмот и му помага на телото да се ослободи од насобраните маснотии и калории. Внимавајте и на здравата исхрана и движете се што е можно повеќе.

Забавување на стареењето

Присуството на отрови во организмот го забрзува стареењето, а со оглед на тоа што топлата вода го ослободува организмот од токсини, процесот на стареење се забавува, додека еластичноста на кожата се зголемува.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.