Чудо од народна медицина: Оваа напивка лекува повеќе од 20 болести – од дијабетес до белодробни инфекции!

Природно решение

Оваа билка расте речиси во сечиј двор, а не сте ни свесни колку е лековита и моќна

Тегавецот е билка без која не може да се замисли еден двор – расте во изобилство, а можете да се користи свежа во текот на топлиот дел од годината или да се замрзне и да се чува во текот на зимскиот период.

Се разликуваат машки и женски тегавец, чии лековити својства се речиси идентични.

Многумина се во заблуда дека женскиот тегавец е коров, не знаејќи за неверојатните придобивки од оваа лековита билка. Листовите на женскиот тегавец се јадат, па може да се користат во салата или варива.

Тегавецот може да се користи и како чај, но и како мелем или облози.

Одлично средство е за искашлување, а слузта што ја содржи ги ублажува воспаленијата на слузницата, па затоа е извонреден лек против кашлица и бронхитис. Исто така, може да ги ублажи симптомите на астма, воспаленијата на слузокожата на дишните патишта, ларингитис, фарингитис и разни алергиски реакции што предизвикуваат проблеми со дишењето.

Новите истражувања покажуваат дека екстрактот од тегавец успешно дејствува против белодробните инфекции, а потврдени се и неговите антибактериски својства.

Освен тоа, го поттикнува метаболизмот и го отстранува пролетниот замор, ги ублажува симптомите на инфекција на уринарниот тракт, како и воспаленијата на мочниот меур и бубрезите.

Го регулира нивото на холестерол, се покажал како моќен сојузник во борбата против дијабетес и синдромот на нервозни црева.

За да приготвите чај, користете ги само листовите што претходно сте ги исушиле на сонце.

Приготвување:

Супена лажица сушен тегавец прелејте со 2,5 дл зовриена вода и оставете го да отстои 10 минути. Чајот најдобро е да се пие додека е топол.

Облога од тегавец

За да ги ублажите последиците од убоди и јадежи, направете топче од свежи листови на женски тегавец и зелена глина, па измешајте ги со вода. Добиената паста ќе ви помогне да ги ублажите симптомите на јадеж или убод, да ги намалите иритациите, но и проширените вени.

Инфекција на забите и непцата

Тегавецот е одличен за брзо лекување рани на лицето и во устата. Спречува загнојување и го поттикнува излекувањето, што се должи на аукубинот. Соџваканите листови тегавец поставени како облога на забот и непцата, можат да ја спречат инфекцијата на забот во рана фаза.

Стар проверен препарат против бронхитис: алкална минерална вода со млеко

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.