Чекор пред мозочниот удар

Мислете навреме

Кога станува збор за мозочен удар, најважно е да го предупредите. Помогнете им на крвните садови, користејќи сурутарка, кора од врба, коњска детелина и бела имела, кои наедно ќе го забрзаат и закрепнувањето доколку оваа неволја веќе ве снашла

Многу е сложено да се лекуваат последиците од мозочен удар и во овој случај фитотерапијата настапува само како помошно средство и превенција. До мозочен удар доаѓа поради затнување на крвните садови на големиот мозок (за разлика од хеморагичниот инсулт, кој е условен од пукање крвни садови и излевање крв во мозокот). Заради негова превенција, како и за најбрзо закрепнување по веќе доживеана неволја, потребно е да користите лековити болки што се јадат а кои имаат антикоагулативно својство, т.е. ја разредуваат крвта.

Лековити билки што се јадат

Од прехранбените производи, пред сѐ треба да се каже нешто за лукот. Тој добро ја разредува крвта, ја намалува нејзината коагулација и придонесува за растворање на плочките холестерол. Лукот ги прави крвните садови еластични, т.е. ги подмладува, како и целиот организам.

Исто така, добри антикоагуланти се грашокот и билките од фамилијата мешунки.

Докажано е дека со употреба на зеленчук и овошје богати со витамините Ц и Е се намалува ризикот од мозочен удар за 50%. Од зеленчукот богат со каротин, особено се препорачуваат морков и тиква.

Од зачините ги издвојувам ѓумбирот и куркумата. И едниот и другиот зачин можете да ги додавате во супи, главни јадења, чај. Патем, основа на познатиот зачин кари е куркумата, така што можете да користите и кари доколку сте се навикнале на него или ви е повкусен.

Ако се грижите за крвотокот, не заборавајте во исхраната да вклучите и ананас, бидејќи е богат со бромелин, кој ја подобрува работата на панкреасот и на желудникот и дејствува како антикоагулант.

Многу се корисни и боровинките. Тие ја намалуваат коагулацијата на крвта, ги уништуваат атеросклеротичните плочки на ѕидовите на артериите и ги зајакнуваат капиларите, особено во мрежницата на окото.

Наместо аспирин

За разредување на крвта лекарите често пропишуваат аспирин, додека треварите може да понудат лековити билки што содржат супстанции слични на аспирин. Во такви тревки спаѓаат сурутарка и кора од врба. Од билки што се јадат, со супстанции слични на аспирин е богата црвената пиперка.

Од сурутарка (лат. Filipendula) најдобро е да се направи ладен одвар. Една лажица цветови навечер прелејте со шолја превриена ладна вода, наутро исцедете го и испијте го во текот на денот, или прелејте две-три лажици цветови од сурутарка со половина литар вода бидејќи во текот на денот можете да испиете до три шолји одвар.

Едно лажиче иситнета кора од врба прелејте со чаша вода, оставете го да зоврие, варете го десет минути, оставете го да отстои 15 минути, па исцедете го. Испијте го овој одвар во текот на денот.

Помош за крвните садови

Научниците утврдиле дека коњската детелина (лат. Melilotus) сoдржи кумарин, супстанција од групата биогени стимулатори што го забрзуваат регенерирањето на ткивото. Докажано е дека кумаринот од коњската детелина ја разредува крвта и ги подобрува крвотокот и целиот метаболизам. Покрај тоа, коњската детелина е способна да го снижи нивото на холестеролот, да ги исчисти крвните садови од плочките холестерол и да го зголеми количеството леукоцити.

Одварот од коњска детелина се прави едноставно: од три до пет грама (околу една лажица) суровина прелејте со шолја зовриена вода, оставете го да отстои 40 минути, исцедете го и процедете ја суровината. Пијте по третина шолја трипати дневно по јадење.

Корисно е да се земаат билки што ја подобруваат работата на крвните садови и ги прават еластични. Во такви тревки спаѓаат бела имела и свиларка (лат. Cuscuta). Едно лажиче иситнета имела прелејте со шолја зовриена вода, оставете да отстои 40 минути, па исцедете. Земајте по третина шолја трипати дневно.

Советува Лидија Николаевна Ѓаконова, фармацевтка и треварка

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.