Чајот од нане може да ви помогне да се ослободите од салото на стомакот: Го намалува апетитот и ги решава проблемите со варењето

Здравје

Чајот од нане може да биде многу корисен.

Тоа подразбира дека не постои напика која магично може да ве натера да ослабите преку ноќ. Меѓутоа, чајот од нане може да биде многу корисен ако се обидувате да куртулите од салото на стомакот.

Нутриционистката Кортни Д’Анџело, за списанието Eat this, not that, вели дека чајот од нане е еден од најдобрите пијалаци за слабеење.

Нема калории. Сладок е по вкус и може да ги намали апетитот и желбата за слатките задоволства. Освен тоа, нането има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства. Исто така, ги решава проблемите со варењето“, изјави таа.

Истражувањето објавено во Journal of Clinical Gastroenterology покажа дека учесниците кои консумирале нане биле во состојба да го ублажат синдромот на нервозни црева. На тој начин ја намалувате и надуеноста во стомакот. Ги ублажува грчевите на мускулите, кои можат да бидат предизвикани со самата менструација.

Овој чај не содржи кофеин, а позитивно влијае на менталниот капацитет. Истражувањето со Универзитетот на Нортамбрија покажа дека нането го подобрува расположувањето и памтењето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.