Чајот од ѓумбир може сериозно да му наштети на организмот, па дури и да доведе до фатални последици: Еве како!

Бидете внимателни

Изгледа дека сето она што досега сме го знаеле за чајот со ѓумбир е погрешно

Еве што знаеме дека чајот од ѓумбир може да направи: му дава виталност на телото, го забрзува метаболизмот, ги отстранува токсините од црниот дроб и ја стабилизира дигестијата, го зголемува апетитот, го прочистува црниот дроб, го подобрува помнењето, го намалува создавањето гасови во цревата, ја зголемува машката полова потенција, го раствора вишокот слуз на ѕидовите од желудникот.

Но никогаш не заборавајте дека додека едно лекува, честопати лекот друго уништува. Така е и со чајот од ѓумбир.

Нина Солокова, руски доктор и натуропат, тврди дека маслото и елементите во траги кои се дел од ѓумбирот го спречуваат згрутчувањето на крвта. Од таа причина, не би требало постојано да го пиеме овој чај доколку се подготвуваме за операција. Барем три недели пред операција, овој чај не смее да се користи.

За луѓето што страдаат од чир на желудникот, чајот со ѓумбир во големи количини може да биде смртоносен, бидејќи ја влошува болеста, а предизвикува дури и крвавење.

Овој пијалак не е ништо помалку опасен за оние што имаат камен во жолчката. Ги активира процесите во телото, па така може да предизвика и движење на каменот и ситуацијата може брзо да стане критична.

Чајот од ѓумбир потекнува од Индија и таму овој чај се пие со млеко, путер и зачини. Но тие знаат дека чајот од ѓумбир никако не смее да се пие ако имате температура, бидејќи може да ја покачи уште повеќе, па така да ја влоши болеста. Но по падот на температурата, чајот од ѓумбир го забрзува излекувањето.

Ако црниот дроб е здрав, чајот од ѓумбир е лековит за него. Но ако е воспален, чајот од ѓумбир ќе направи голема штета.

Доколку имате какво било оштетување на крвните садови, чајот од ѓумбир не е за вас. Научниците од Шкотска сметаат дека чајот од ѓумбир придонесува за абортус, но и за контраиндикации кај срцев удар, хипертензија, коронарни болести и висок притисок.

Самиот по себе, чајот од ѓумбир е многу опасен во комбинација со лекови за намалување на шеќерот. Покрај тоа, го засилува ефектот на лековите кои го стимулираат срцето и го снижуваат крвниот притисок, што може да доведе до предозирање.

Чајот од ѓумбир го стимулира слабеењето, но секогаш мора да го пиете откако ќе се консултирате со лекар, бидејќи лекарите знаат дека голема доза од овој чај доведува до повраќање и дијареја.

Воените лекари тврдат дека ѓумбирот го нарушува видот, но не постои доказ за тоа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.