Бозелот лечи сѐ од болести на белите дробови до рак: Еве како се прават сок, чај и лековит мед!

Народна медицина

Досега познато е дека бозелот лечи грип, затнати синуси, бронхитис, астма и алергии

Поради исклучително топлото време, бозелот оваа година процути порано. Време е да најдете дрво со бозел, кое е подалеку од загадувањето, и да наберете цветови, па од нив да направите лековит сок или чај.

Нашите предци со децении користеле бозел за здравје, а притоа уживале во исклучително вкусните напивки.

За бозелот се верува дека е една од најлековитите билки на светот, бидејќи содржи големи количина на флавоноиди, каротен, витамин Ц.

Досега познато е дека бозелот лечи грип, затнати синуси, бронхитис, астма и алергии. Исто така, докажано е дека сокот од бозел го подобрува имунитетот, а помага и во случај на дијабетес и констипација.

Чај против кашлица

Чајот од суви цветови на бозел лечи упорна и сува кашлица. Овој чај можете да им го давате и на децата, само важно е претходно да се посоветувате со вашиот лекар. Сѐ што треба да направите е да ги исушите цветовите од бозел на темно и суво место и така суви да ги здробите во тегла и да ги чувате за чај.

Лосион за осетлива кожа

Лосионот од бозел прави чуда за осетлива кожа. Се прави така што со две шолји зовриена вода прелевате 25 г исушени цветови од бозел и ги поклопувате. Кога ќе се олади растворот, исцедете го во чист стаклен сад и чувајте го во фрижидер.

Во лосионот натопете парче памук и исчистете го лицето. Тој ја смирува и освежува осетливата кожа. Лосионот од бозел би требало да го искористите во текот на наредните три дена.

Сок од бозел

Во летните денови најубаво е да се пие сок од бозел. Многу едноставно се приготвува. Во 1 литар ладна вода потопете 20 цветови од свеж бозел. Нека стои течноста на ладно место (но не во фрижидер) 24 часа. Процедете ја, додајте 800 г шеќер и сок од 1 лимон и оставете ја да отстои уште 24 часа.

Повремено промешувајте за да се растопи шеќерот. Исцедете ја низ дупла газа и сипете ја во шише.

Овој сок се пие разреден со вода, а можете да користите и минерална вода за приготвување на сокот.

Црн бозел против рак

Еден човек од Бугарија тврдел дека лекот од црн бозел му помогнал да го победи канцерот. Црниот бозел расте околу речни канали и дава плод што потсетува на боровинка.

Плодовите созреваат кон крајот на август и почетокот на септември. Плодот треба да биде добро созреан за да има лековити својства. Кога ќе ги наберете плодовите, измијте ги и ставете ги во тегли, редејќи наизменично еден ред бобинки, еден ред шеќер, додека теглата се наполни до врвот.

Чувајте ја теглата на место каде што има сонце, за да може да дојде до вриење. По две недели, треба да ја затворите теглата и да ја ставите во фрижидер.

Можете да направите 2, 3 или 4 тегли, но мора да имате најмалку две за да имате доволно од овој лек до наредната година. Земајте најмалку 1 лажиче секое утро на празен стомак, 10 минути пред оброк. Тие што го користеле овој лек велат дека еднаш победениот рак не им се вратил повеќе.

Руските тревари со децении лечат алергија на полен со оваа напивка: Симптомите исчезнуваат прекуноќ!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.