Бидете метаздрави: Преземете свесни активности за самолекување и за личен раст и развој

Клучот на здравјето е во нашиот ум

Практичарите на метаздравје веруваат дека нашата перцепција и начинот на кој ја доживуваме влијаат врз манифестирањето на одредени заболувања, па од нашите убедувања зависи како ќе ги протолкуваме симптомите и што всушност ќе преземеме

Интензитет на доживувањето – интензитет на симптомите

Потребно е да сфатиме дека многу толкувања, кои на прв поглед изгледаат сосема различно, всушност, не се ни малку контрадикторни. Неминовно е кога имаме одредено доживување на себеси и различни емоции во себе – да придвижиме различни хемизми, биохемизми и хормонски процеси. Текстот продолжува по огласот…

Во одредена ситуација, нашиот ум реагира со толкување на ситуацијата според своите единствени програми на потсвеста и ѝ придава поголемо значење на таа ситуација. На некоја ситуација може да ѝ се придаде поголемо значење или само едно, или пак ниедно.

Во зависност од придадените значења на нашата перцепција, се придвижуваат одредени програми според кои функционира нашето биолошки битие. Од интензитетот на доживувањето и од големината на предизвикувачот зависи колкав ќе биде интензитетот на симптомите. Во сето ова е значајно влијанието на преостанатите нивоа на нашето битие, како што се менталното (нашите убедувања), степенот на нутритивна ухранетост, т.е. колку го подражаваме и физичкото ниво.

Секундарните засилувачи имаат значајна улога во одржувањето на здравствениот проблем, а речиси секоја хронична состојба има вакво влијание.

Метаздравје е основа за функционирање на интегративната медицина. Сите пристапи, техники и модалитети што придонесуваат за надминување на здравствениот проблем и за воспоставување на авторегулација на организмот се добредојдени.

Текст: Јасмина Ковачев

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.