АЛЕРГИИ: Внимание – анафилактичен шок!

На еден ист алерген, организмот може да реагира различно: денес со благо чешање и црвенило, а утре со анафилактичен шок. Ова се должи на фактот дека некои фактори може да го влошат текот на алергиите.

Анафилактичен шок или анафилакса е системска алергиска реакција, која потенцијално може да биде опасна по живот. Може да се појави во рок од само неколку минути по изложувањето на одреден алерген, а симптоми се црвенило, задушување, оток, отежнато дишење, несвестица, гадење, грчеви, засипнатост…

МЕГАДОЗА

На пример, човекот реагира на мачки. Само што ќе ѕирне кај соседот што има домашно милениче – тој почнува да кива. Непријатно но подносливо. А ако отиде во циркус или во зоолошка градина, оттаму стигнува на реанимација со оток на гркланот и бронхоспазам. За жал, таков случај не е невообичаен, бидејќи концентрацијата на алергени е огромна во тие места.

ТОПЛИ ПРОЦЕДУРИ И МАСАЖИ

Бањата, сауната, пенливото бањање и масажата влијаат на циркулацијата исто како и спортот. А со забрзувањето на циркулацијата се зголемува количеството хистамини како одговор на алергенот. Затоа бидете внимателни!

АЛКОХОЛ

Во комбинација со алерген, алкохолот може да предизвика анафилакса. Мој пациент беше алергичен на ореви. Еднаш изел грст ореви и покрај тоа што почувствувал мало трпнење во устата. Но, еднаш по оревот, тој испил пиво и – заврши на реанимација.

СПОРТ
Два часа пред и два часа по физичка активност, контактот со алергенот мора да се исклучи! Имено, благодарение на физичката активност, протокот на крв се забрзува и алергенот се апсорбира побрзо во гастроинтестиналниот тракт – а последиците може да бидат трагични. 

БЕТА-БЛОКАТОРИ

Доколку се појави анафилактичен шок, поради земање препарати против покачен притисок и нарушување на срцевиот ритам, организмот реагира полошо на инјектирање адреналин. Така, бета-блокаторите ги блокираат рецепторите на срцето. Луѓето склони кон алергии треба да го запомнат ова.

ИМАЈТЕ НА УМ

Задолжително информирајте го лекарот ако паралелно со вообичаените симптоми на алергија кај вас се појавиле и следните:

* јака главоболка, слабост, потење;

* летаргија или силна возбуда, проследена со страв од смрт и губење на свеста;

* исип по телото што чеша, особено во комбинација со задушување и засипнатост;

* многу низок притисок;

* грчеви во стомакот, неволно мокрење и столица;

* истекување крв од вагината независно од менструалниот циклуса (може да се јави неколку часа по нападот).

Сите овие се знаци на системска воспалителна реакција, за која е неопходна консултација со лекар.

Многу повеќе совети за унапредување на здравјето можете да прочитате во новиот број на „Руски доктор“.

Текст: своите препораки ги дава алергологот Наталија Леонидовна Прусова (Минск)

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.