Промената на бојата на кожата на прстите не е секогаш безопасна.
Лекарите предупредуваат дека може да биде прв знак на Рејноов синдром – нарушување на циркулацијата при кое крвните садови се стегаат и го ограничуваат протокот на крв.
Во тие моменти, прстите стануваат бели, студени и вкочанети, а понекогаш и помодрени или вкочанети. Овие симптоми обично се јавуваат при изложеност на студ или стрес, а може да траат од неколку минути до неколку часа.
Иако многумина ја поврзуваат оваа појава со „слаба циркулација“, експертите советуваат да не се игнорира, бидејќи може да укажува на автоимуно заболување или проблем со крвните садови.
Доколку често забележувате промена на бојата на прстите или чувство на ладно и покрај топлата околина, побарајте совет од лекар – навремената дијагноза може да спречи трајно оштетување на ткивото.
Фото: AI