Агресивни инсекти: како да ги избегнете нападите на инсектите што имаат осило и отров и како да ги лекувате нивните каснувања

Сезонски проблеми

Осилото треба да се отстрани што побрзо, со помош на пинцета. Не обидувајте се да го истиснете отровот, бидејќи тоа придонесува за негово ширење по организмот.

Со доаѓањето на топлите денови се активираат инсектите и затоа, кога одите во природа, корисно е да знаете со кого ќе морате да ја делите ливадата. Некои од нив повремено му нанесуваат сериозна штета на здравјето. Дознајте како да ги избегнете нападите на инсектите што имаат осило и отров и како да ги лекувате нивните каснувања.

Оси

Овие се исклучително агресивни инсекти, кои не напаѓаат само при отворена опасност за својата колонија туку и кога ќе почувствуваат вибрација од чекори, гласна музика или гласови, кога ќе видат светлина од логорски оган или, едноставно, доколку им се причини дека постои закана.

Осите напаѓаат одвоено или во цел рој. Не боцкаат само со осилото вшприцувајќи отров туку истовремено и касаат. Имаат мазно осило, кое не останува во раната и затоа жртвата може да ја боцнат многупати едноподруго.

Отровот има парализирачко дејство. Иако нема доволно за да може комплетно да го парализира човекот, може да предизвика силна болка и оток, а понекогаш и сериозна алергија, која може да се развие речиси до Квинкеов едем (оток на кожата и слузокожата на гастроинтестиналниот тракт, јазикот, гласните жици и гркланот, кои се јавуваат повремено и во неправилни растојанија), со смртоносен исход.

Поради тоа лицата алергични на каснување од оса не треба да излегуваат во природа без антихистаминици во облик на инјекции.

! Каснувањето на јазикот или усната се смета се едно од најопасните, заедно со каснувањето на капакот, очната јаболчица или на вратот.

Доколку осата го нападне човекот во близината на своето гнездо, не треба да се обидувате да ја убиете, зашто на исфрлањето на феромонот на осата што умира ќе слета цел рој. Најдобро е да одите што подалеку од неа.

Особено треба да бидете внимателни на пикник кога ја распоредувате храната, бидејќи осите со задоволство се гостат со неа, па случајно може да ја ставите во уста заедно со парче месо, колаче или лубеница.

Осите сакаат и да се кријат во зрна од грозје правејќи невидливо дупче за да стигнат внатре и да го изедат слаткиот мек дел, па во таков случај многу е тешко да се забележат.

ВНИМАНИЕ! Не употребувајте алкохол по каснување. Присуството на алкохол во крвта ја забрзува апсорпцијата на отровот.

 Пчели

Тие се најагресивни напролет, кога има малку цветови па собирањето мед е слабо. Ги напаѓаат луѓето што ќе им се најдат на патот на нивниот лет, покрај пчеларникот или на местото на собирање на медот. Бесот на пчелите можете да го предизвикате со силен мирис на парфем или дезодоранс, нагли движења и мавтање со рацете, како и со активни игри во вид на дофрлање предмети.

Кога ќе ве боцне пчела, таа го остава осилото за кое е прицврстена ќесичка со отров. На тој начин во раната веднаш стигнува цела доза отров. По каснувањето пчелата умира, но на мирисот од отровот веднаш долетуваат нови пчели и исто така се трудат да ја боцнат жртвата. Каснувањето од пчела е особено болно и опасно. Доколку не го истретирате, може да дојде до алергиска реакција со различен степен на тежина.

* Осилото треба да се отстрани што побрзо, со помош на пинцета. Не обидувајте се да го истиснете отровот, бидејќи тоа придонесува за негово ширење по организмот.

> Раната од убод од пчела треба да се обработи со хидроген, хлорхексидин или раствор што содржи алкохол.

* Производи што содржат киселина ќе ви помогнат да ја отстраните болката и делумно да го неутрализирате отровот во отворената рана. Тоа може да биде парче лимон, портокал или јаболко. Доколку немате при рака вакви производи, искористете билки. Ќе ви послужат свежи листови од магдонос или тегавец. Изџвакајте неколку ливчиња, па добиената каша ставете ја на каснатото место.

* Ладна облога ќе помогне да го отстраните отокот. На каснатото место ставете мраз. Можете од замрзнувач да извадите месо или пакување со зеленчук и да го ставите на болното место.

* Облога од алкохол успешно го запира ширењето на отровот по телото. Медицински алкохол разблажете со вода (можете да користите и вотка), наквасете со него парче завој или ткаенина и држете ја на каснатото место половина час.

> На малите деца на каснатото место можете да им ставите топло ќесе свежо сварен чај, кое ќе ги ублажи болката и отокот.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.