9 здравствени придобивки од моќната билка Ашваганда

Ефикасен борец против многу здравствени проблеми.

Ашваганда е една од најважните билки во Ајурведата, која е традиционална форма на алтернативната медицина заснована на индиските принципи на природно лекување.

Ајурведа е првата медицина во светот која потекнува од Индија, стара повеќе од 5000 години и во превод значи „наука за животот“.

Ајурведата не е само едноставен систем за нега на здравјето, туку е и форма на животен стил адаптиран за одржување на совршен баланс и хармонија во човечкото тело. Оваа индиска медицина користи различни техники кои комбинираат исхрана, лековити билки, масажа и медитација.

Вклучувањето на билките и растителни состојки е суштинскиот дел на Ајурведата. Една од најпознатите билки која зазема централно место поради своите многубројни здравствени придобивки е моќната  Ашваганда.

1. Благотворно влијае на менталната состојба

Позната по своите невропротективни својства, Ашвагандата е природен стабилизатор на расположението. Докажано е дека ја намалува анксиозноста, ја ублажува депресијата и ги подобрува когнитивните функции. Како моќен адаптоген, оваа билка ефикасно да ја модулира реакцијата на телото на стрес, нуди смирувачки ефекти на нервниот систем и истовремено ја зголемува менталната способност и меморија.

2. Го подобрува здравјето на срцето

Ашвагандата помага во регулирање на нивото на холестерол и крвен притисок, придонесува за кардиоваскуларна издржливост и спречува срцеви нарушувања. Нејзините антиинфламаторни и антиоксидантни својства дополнително го заштитуваат срцето од оштетување и болести.

3. Го зајакнува имунитетот

Ашвагандата го засилува одбранбениот систем на телото и го стимулира активирањето и ефикасноста на виталните клетки на имунолошкиот систем. Оваа билка ја зголемува имунолошката активност на клетките и нуди засилена заштита од низа заразни болести.

4. Го зголемува нивото на енергија и издржливост

Ашвагандата помага во борбата против заморот и ја зајакнува виталноста. Особено е корисна за спортисти и рекреативци кои се изложени на зголемен физички напор и трошат повеќе енергија. Исто така, Ашвагандата ги подобрува издржливоста и физичките способности луѓето кои страдаат од хронична исцрпеност и замор.

5. Го подобрува репродуктивното здравје

Придобивките од Ашвагандата за репродуктивно здравје се забележуваат кај двата пола.

  • Кај жените, оваа билка помага во балансирање на нивото на кортизолот и тироидните хормони, ги ублажува симптомите на ПМС, го регулира месечниот циклус и ги доведува во ред другите хормонални дисбаланси.
  • Кај мажите, оваа билка влијае на нивото на тестостерон и ја подобрува плодноста преку зголемување на бројот и виталноста на сперматозоидите.

6. Ја поддржува сексуалната функција

Ашвагандата е добро позната по своето моќно дејство во однос на подобрување на сексуалното здравје и функција. Има афродизијачки својства и позитивно влијание врз либидото и потенцијата. Докажано е дека оваа билка помага во  подобрено снабдување на половите органи со крв, што резултира со зголемување на сексуалното задоволство.

7. Ја зголемува јачината на мускулите

Редовното консумирање на Ашваганда ја подобрува мускулната маса на целото тело. Особено е корисна за фитнес ентузијастите бидејќи помага во зголемување на јачината на мускулите.

8. Има антиканцерогени својства

Прелиминарните истражувања укажуваат на потенцијалните антиканцерогени својства на Ашвагандата. Утврдено е дека го забавува или инхибира растот на клетките на ракот, исто така, ги намалува несаканите ефекти на хемотерапевтските агенси.

9. Промовира здраво и активно стареење

Со својата висока содржина на антиоксиданси Ашвагандата се бори против оксидативниот стрес и воспаленијата поврзани со стареењето. Оваа билка, исто така, го подобрува  здравјето на кожата и ефикасно ги минимизира знаците на стареење.

Употребата на Ашваганда без професионален совет може да не доведе до посакуваните резултати. Консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да  се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на вашата здравствена состојба.

Важно: Информациите содржани во овој текст се исклучително информативни и не се замена за професионален медицински совет или третман. Секогаш побарајте совет од здравствен работник за сите прашања во врска со вашата здравствена состојба.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.