Надбубрежните жлезди се мали, но важни жлезди, сместени над бубрезите кои произведуваат есенцијални хормони како кортизол, адреналин и алдостерон
Надбубрежните жлезди се главните органи на хормонскиот систем. Правилната функција на овие мали жлезди влијае врз општата благосостојба, апетитот, расположението, плодноста, па дури и типот на телото.
Еве кои симптоми укажуваат на дисфункција на надбубрежните жлезди и како да ја тестирате нивната состојба.
1. Постојан замор. Ако надбубрежните жлезди не произведуваат доволно кортизол, тоа влијае врз метаболизмот. На клетките им недостасува енергија, поради што лицето се чувствува исцрпено дури и кога ќе стане од спиење.
2. Проблеми со тежината. Надбубрежните жлезди произведуваат хормони кои влијаат врз апетитот и таложењето масти. Луѓето со вишок кортизол имаат испапчен стомак, полн грб и тркалезно лице. Ако нивоата на кортизол се ниски, доаѓа до губење на тежината и слабеење на мускулите.
3. Желба за солена храна. Еден од надбубрежните хормони, алдостерон, задржува вода и натриум. Ако овој хормон е во дефицит, интуитивно имате потреба за солена храна.
4. Висок крвен притисок. Три надбубрежни хормони можат да придонесат за развој на хипертензија. Адреналинот и кортизолот ги стеснуваат крвните садови. Алдостеронот предизвикува задржување течности, што го зголемува волуменот на крвта.
5. Стрии. Ако надбубрежните жлезди се преактивни и произведуваат премногу кортизол, на телото може да се појават виолетови стрии. Вишокот кортизол ги уништува колагенот и еластинот, протеини кои ѝ даваат еластичност на кожата.
6. Хиперпигментација. Кога надбубрежните жлезди се намалени, нивоата на ACTH хормони, кои исто така го стимулираат производството на меланин, се зголемуваат. Тоа предизвикува потемнување на кожата, особено околу брадавиците, препоните, вратот и лактите.
7. Прекумерно растење на влакна на телото. Надбубрежните жлезди произведуваат андрогени, машки хормони. Ако ги има премногу, жените развиваат темни, груби влакна на лицето, градите, стомакот и нозете, исто како и мажите.
Кои тестови можат да помогнат во проценката на состојбата на надбубрежните жлезди?
- Кортизолот е хормонот одговорен за реакцијата на стресот – исто така учествува во метаболизмот и го стимулира производството на полови хормони.
- DHEA-S е хормон кој влијае врз менструалниот циклус, растот на косата, гласот, либидото и плодноста.
- Алдостеронот е хормон кој е одговорен за рамнотежата на електролити и го одржува крвниот притисок нормален.
- Ренин е протеин кој влијае врз активноста на надбубрежните жлезди. Ако има вишок, мооже да се појават главоболки, забрзана работа на срцето и покачен крвен притисок.
- ACTH е хормон кој ја диктира брзината на производството на кортизол и други хормони од страна на надбубрежните жлезди. Ако има премногу ACTH жлездите се преоптоваруваат.