7 сигнали што не смеете да ги игнорирате: Изгледот на брадавиците може да биде знак за сериозен проблем

Обрнете внимание!

Секоја жена треба да оди на редовни прегледи на градите, вклучувајќи ги и брадавиците

Како и градите, секоја жена треба редовно да ги прегледува и брадавиците за да може навреме да ги воочи евентуалните проблеми што можеби се знак на некакви здравствени проблеми. Секоја жена би требало еднаш неделно сама да си ги прегледува градите, но и брадавиците.

7 факти за брадавиците што треба да ги знаете

Појави на брадавиците што не смеете да ги игнорирате:

  • крв
  • исцедок
  • промени на кожата што не поминуваат
  • абнормални грутки
  • промени во пределот на брадавицата и ареолата
  • невообичаена болка

Ареола

Таа ја опкружува брадавицата и има различен облик, големина и текстура. Ситните израстоци на ареолата се сосема нормални и нивниот број и големина може да варираат во зависност од температурата и количината на влага.

Бројот на израстоци може да се менува, но ако забележите нова грутка која не поминува, одете на лекар.

Бројот на ареолите може да се промени во текот на бременост кога честопати потемнува. Таа појава е исто така нормално, како и тоа кога брадавиците трајно остануваат потемни.

Влакна на брадавиците

Тие се нормална појава и почнуваат да растат за време на пубертетот. Меѓутоа, треба да се обрне внимание на зголемениот раст на влакненца, бидејќи тоа може да укажува на здравствени проблеми, како што е синдромот на полицистични јајчници.

Исто така, во ред е да ги отстраните влакната на брадавиците. Најдобриот начин да го направите тоа, а да не ја иритирате или оштетите нивната чувствителна кожа, е да ги искубете влакненцата со пинцета.

Осип на брадавиците и околу нив

Може да укажува на некои здравствени проблеми, но најчесто не се работи за ништо сериозно. Причината за осипот може да е средството за туширање или градникот. Ако чешањето не поминува или е придружена со болка или исцедок од брадавиците, посетете лекар.

За време на менструацијата

Нормално е тоа што брадавиците се болни и чувствителни на допир, а нивото на чувствителност зависи од жена до жена. Ако зголемената чувствителност на брадавиците не помине по менструацијата, побарајте лекарска помош.

Додека доите

Нормално е да почувствувате болка или непријатност. За да ги смирите болните гради и брадавици можат да помогнат и смирувачките лосиони и парацетамол.

Многу е важно во текот на доењето да носите градник што ќе одговара на големината и формата на градите во тој период. Добрата заштита во текот на денот може да ви помогне помалку да ве болат градите додека доите.

Во менопауза

Нормално е брадавиците да се сушат и да се појават ситни пукнатини на нив, бидејќи кожата губи еластичност поради намалувањето на естрогенот.

Негувајте ги брадавиците со хидратантен крем и мачкајте ги со нежни движења. Но менопаузата не мора да е единствената причина за сувоста на брадавиците, па ако ве загрижува тоа, побарајте лекарска помош.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време