7 први знаци на рак на дебело црево: 90% од луѓето го игнорираат алармот што го испраќа телото!

Експертите откриваат

Не смеете воопшто да ги игнорирате или самите да си давате дијагноза

Ракот на дебело црево е еден од најчестите типови канцер, но и еден од оние што честопати се откриваат во подоцна фаза, бидејќи раните симптоми што ги покажува оваа болест неретко се мешаат со нешто друго или целосно се игнорираат.

Ова се седумте најрани знаци на рак на дебело црево…

1. Упорни промени во цревата

Тие може да се условени од промена на исхраната или начинот на живот, но ако дијарејата или констипацијата траат подолго од една недела, можно е да имате полипи во дебелото црево, кои можат да се развијат во канцер, објаснуваат експертите од клиниката „Мејо“.

2. Грчеви, гасови или болка во стомакот

Овие тегоби можно е да ги почувствувате ако сте изеле нешто што не му годи на телото, но ако болката е силна и упорна, можно е телото да ве предупредува на нешто сериозно. Многу пациенти со рак на дебело црево исто така страдале од подуеност и чувство на непријатност во стомакот.

3. Ректално крвавење или светла крв во столицата

Ако забележите крв во столицата, тоа може да биде јасен знак на рак на дебело црево. Ако го забележите овој симптом, задолжително одете на лекар.

4. Чувство дека цревата не ви се празнат целосно

Ова е уште еден од знаците на рак на дебело црево – одите во тоалет, но имате чувство дека цревата не ви се испразниле.

5. Слабост или умор

Полипите можат да предизвикаат внатрешно крвавење во дебелото црево, што веднаш доведува до чувство на умор или на млитавост. Обично се случува многу ненадејно и без напорни активности или недостиг на сон.

6. Необјасниво губење на тежината

Наглото слабеење може да биде симптом на неколку типови рак, а кај рак на дебелото црево ова се случува бидејќи полипите во цревата влијаат врз начинот на кој телото ја метаболизира храната.

7. Промени во бојата или обликот на столицата

Потемната боја на столицата и формата на моливче се лош знак. Ако столицата има црна боја, тоа е главно резултат на продирањето на крвта во дигестивниот тракт.

Ако имате еден или повеќе од наведените симптоми, задолжително одете на лекар што побрзо.

Тивок, но жесток убиец: Ракот на дебело црево прво ги покажува овие 6 симптоми
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.