Дознајте кои секојдневни навики ги оштетуваат бубрезите и како да ги одбегнете
Бубрезите се еден од најважните органи во телото – ја филтрираат крвта, ги отстрануваат токсините и ја одржуваат рамнотежата на течности и електролити. Проблемот е што оштетувањата на бубрезите честопати се развиваат постепено и без јасни симптоми во раната фаза, поради што многу луѓе не сфаќаат дека постои проблем сè додека болеста напредува.
Знаците на предупредување што бубрезите почнуваат да ги испраќаат честопати се неспецифични и лесно се занемаруваат (замор, отоци, промени во мокрењето). Затоа, секојдневните навики се клучни за превенцијата.
Еве кои се седумте навики што секојдневно ги оштетуваат бубрезите…
1. Недоволно внесување течности
Хроничната дехидратација им отежнува на бубрезите ефикасно да ги филтрираат отпадните материи. Кога се намалува количината на вода, урината станува поконцентрирана, што го зголемува ризикот од појава на камен во бубрегот и оптоварување на филтрациониот систем. Не треба да се внесува екстремна количина на вода, туку за редовна хидратација во текот на денот.
2. Претерано внесување сол
Исхраната богата со натриум (брз храна, грицки, индустриски производи) доведува до задржување течности и покачување на крвниот притисок, што директно ги оптоварува бубрезите. Долгорочно, високиот притисок е еден од водечките причини за хронични болести на бубрезите.
3. Честа употреба на лекови против болки
Лековите од групата нестероидни антиинфламаторни лекови, како ибупрофен, може да бидат штетни ако се користат често и без контрола. Тие го намалуваат протокот на крвта низ бубрезите и со текот на времето може да предизвикаат оштетувања на ткивата. Повремената употреба најчесто е безбедна, но редовното земање без лекарски совет е ризично.
4. Премногу шеќер
Исхраната богата со шеќер и индустриски преработените намирници го зголемува ризикот од дебелеење и дијабетес тип 2 – два главни фактора на ризик за оштетување на бубрезите. Високото ниво на глукоза во крвта долгорочно ги оштетува крвните садови во бубрезите и ја намалува нивната функција.
5. Индустриски преработени намирници
Претераното консумирање месо и месни преработки дополнително го зголемува оптоварувањето на организмот, особено кога истовремено не се внесува доволно зеленчук и вода. Таквиот начин на исхрана со текот на времето може да биде причинител за создавање камен во бубрезите и постепено слабеење на нивните функции.
6. Пушењето ги оштетува крвните садови на бубрезите
Штетните материи од цигарите не влијаат само врз белите дробови и срцето. Пушењето ги оштетува крвните садови во целиот организам, вклучувајќи ги и оние што ги снабдуваат бубрезите со крв.
7. Дебелеење и недостиг од физичка активност
Дебелеењето го зголемува ризикот од висок крвен притисок и дијабетес, а токму тие болести се меѓу главните причини за хронично оштетување на бубрезите. Недостигот од физичка активност дополнително го забавува метаболизмот и ја влошува состојбата на крвните садови. Кога телото долго се справува со таков начин на живот, страдаат и органите кои зависат од добрата циркулација, меѓу кои се и бубрезите.
Доколку се сомневате дека постои проблем, важно е навреме да се консултирате со лекар.