60% од жени не умеат да ги препознаат овие 6 сигурни знаци на рак!

Неверојатно!

Научниците останале шокирани

По повод Месецот на подигнување на свеста за рак на репродуктивните органи, научниците спровеле истражување преку анкета, претставувајќи 19 симптоми, од кои жените требало да ги заокружат оние што укажуваат на малигно заболување.

Малку е да се каже дека останале шокирани од резултатите – околу 60% од жените не умееле да ги препознаат шесте симптоми кои честопати се најраниот знак дека во телото се формира рак.

Ова се симптомите што жените најчесто ги игнорираат или ги препишуваат на нешто друго:

1. Констипација

Верувале или не, констипацијата може да е првиот знак на рак на јајчници. Покрај тоа, може да биде знак дека ракот се проширил на дебелото црево или дека притисокот поради насобраната течност ги погодува цревата, па доаѓа до констипација. Кај било кој симптом поврзан со цревата, треба да се јавите на лекар, доколку не поминува.

2. Подуеност

Сосема нормално е стомакот да се подува поради одредена храна или за време на менструалниот циклус, но подуеноста исто така може да биде знак на рак на репродуктивните органи. Кај некои жени тоа може да биде блага, речиси незабележлива подуеност, додека кај некои жени стомакот толку отекува што се сомневаат дека се бремени. Доколку и вие постојано чувствувате подуеност, особено ако таа е абнормална, задолжително одете на лекар.

3. Зачестено мокрење

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести истакнува дека потребата за мокрење што е почеста од вообичаено, може да биде ран знак на рак на јајчници или на грло на матката. До овој симптом доаѓа, бидејќи течноста во случај на рак на овие органи се насобира околу мочниот меур и предизвикува дополнителен притисок, поради што почнуваме почесто да одиме во тоалет.

4. Дебелеење

Иако за алармантен знак се смета наглото и необјасниво губење на тежината, многу жени кои имале рак на јајчници нагло се здебелиле. Тоа обично се случува поради уморот, кој влијае врз намалувањето на физичката активност.

5. Губење тежина

Овој симптом се поврзува со бројни видови рак, особено поради лекувањето – хемотерапија. Сепак, дури и пред лекувањето, ракот на репродуктивните органи може да биде причина за необјасниво слабеење. Ако не сте на диета или не сте ја зголемиле физичката активност, а сте изгубиле пет или повеќе килограми, би требало што порано да одите на лекар.

6. Екстремен умор

Речиси половина од испитаните жените кои имале рак на репродуктивните органи пријавиле чувство на екстремен умор. Најчудното нешто во сето тоа е што помладите жени почесто биле уморни за разлика од повозрасните, а овој симптом може да трае со години по излекувањето. Екстремниот умор во секој случај е причина што порано да одите на лекар.

Не ги игнорирајте овие симптоми: Ова се првите знаци на рак на јајчници!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.