5 рани знаци на срцев удар што жените најчесто ги игнорираат: Ако ве заболи ова – одете на лекар!

Обрнете внимание

Срцев удар е опасна состојба во која значително опаѓа дотокот на крв во мускулите на миокардот

Во случај на срцев удар, телото престанува да добива кислород и хранливи материи и се блокираат коронарните вени. Ако не побарате помош, клетките умираат, а човекот може да умре од срцев удар.

Болестите на кардиоваскуларен систем сѐ почесто се јавуваат кај помлада популација. Забележани се голем број случаи на срцев удар кај луѓе на возраст од 30 до 35 години. Меѓутоа, со навремено лечење, може да се одбегнат фаталните последици. Затоа, важно е да ги откриете првите симптоми на срцев удар.

Како да препознаете срцев удар?

Повеќето луѓе се сигурни дека ситуацијата брзо се развива и дека е проследена со акутна болка. Всушност, пред да дојде до срцев удар, симптомите што тешко се поврзуваат со оштетување на срцето може да се јавуваат подолго време.

Телото се обидува да се избори со болеста самостојно, да ги контролира притисокот и пулсот, но можете да го воочите проблемот ако обрнете внимание на следниве симптоми.

1. НАРУШУВАЊЕ НА СПИЕЊЕТО

Луѓето ја поврзуваат хроничната несоница со исцрпеност од работа, со стрес, диета или недостиг на витамини. Но 50% од жените кои преживеале срцев удар изјавиле дека имале долготрајно нарушување на сонот. Овој симптом е поврзан со отежнатиот довод на крв во мозокот, незабележлив развој на хипоксија и промена на хормонско ниво. Често доаѓа и до напади на анксиозност, раздразливоста расте и следува силен замор.

2. КРАТОК ЗДИВ ИЛИ ГУБЕЊЕ ВОЗДУХ

Пред срцев удар, многу пациенти забележале губење здив, кое се појавувало без очигледни причини. Плиткото дишење се јавувало дури и за време на седење или лесна прошетка. Се јавувала кашлица во отсуство на други знаци на настинка или грип. Меѓутоа, во почетната фаза, пациентот може да почувствува и лесна болка или пецкање во градите и тоа воопшто не му пречи многу. Овие симптоми се јавиле кај 40% од луѓето што имале срцев удар.

3. ПРОМЕНА НА КИСЕЛОСТА ВО ЖЕЛУДНИКОТ

Дигестивниот систем е првиот што реагира на проблеми со срцето. Со падот на протокот на крвта, киселоста во желудникот може да порасне и се јавуваат киселини, болка и стомачни грчеви, а често се јавува и повраќање. Наведените симптоми и мачнината, жените им ги припишуваат на лошата исхрана и диета. Променете ја исхраната, консултирајте се со нутриционист, но ако симптомите продолжат, одете на лекар.

4. ЛАДНА ПОТ

Ако ненадејното потење не е поврзано со страв, мора да внимавате: појавата на ладна пот на челото без никаква причина, може да биде симптом на срцев удар. Кога миокардијалниот мускул е преоптоварен, телото се обидува да го сопре порастот на температурата и отстранува вишок течности, притоа намалувајќи ги крвните садови.

5. БОЛКА ВО РАЦЕТЕ И ВО РАМЕНАТА

Болката во рацете и во вратот не е секогаш знак на остеохондоза или умор: ако срцето работи испрекинато, артериите што го хранат мозокот и ’рбетниот мозок се стеснуваат. Доаѓа до грчење, вкочанетост, болка во задниот дел на главата. Само специјалистички преглед или ултразвук можат да ги препознаат првите знаци на болеста.

Срцевиот удар често се јавува кај жени постари од 45 години. Ризикот се зголемува во менопауза, ако напорно работат или се изложуваат на стресни ситуации.

За да спречите опасна ситуација, откажете се од лошите навики, внимавајте на тежината и холестеролот, погрижете се да спиете 8 часа. Тоа ќе го чува вашето срце.

Пред срцев удар, се јавува оваа промена на кожата: Знак што може да ви го спаси животот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.