5 работи што мора да ги одбегнувате ако имате запек: Спречете ја надуеноста и болката

Прочитајте што не смеете да консумирате кога имате запек

Сите проблеми со варењето се непријатни, но еден од најлошите дефинитивно е запекот

1. Не смеете да јадете процесирана храна

Поголемиот дел од процесираната храна е полна со состојки кои го продолжуваат нејзиниот рок на траење, но и го забавуваат природниот процес на варење на храната во дигестивниот систем. Одбегнувајте грицки, слатки, газирани сокови и останати производи што само би го влошиле запекот.

2. Немојте да пиете алкохол

Алкохолот предизвикува дехидрација на организмот, а таа пак ги влошува симптомите на запекот. Најдобриот пијалак во таква ситуација е обичната вода. Покрај неа, пробајте и сок од сливи.

3. Немојте да консумирате многу млечни производи

Млечните производи кај многумина предизвикуваат надуеност. Поради нив, може да имате гасови, а тие знаат да бидат прилично болни и непријатни ако истовремено имате запек.

4. Не одбегнувајте телесна активност и вежбање

Токму телесната активност е одличен активатор на варењето. Луѓето кои не вежбаат и малку се движат, честопати имаат проблем со вршење голема нужда. Вежбањето ги поттикнува метаболизмот и дигестивниот систем на работа и така ги олеснува симптомите на запекот.

5. Не претерувајте со лаксативи

На прв поглед, лаксативите делуваат како идеално решение за проблемот, но некои од нив може да предизвикаат повеќе штета одошто корист. Вашето тело може да се навикне на лаксативите ако ги користите премногу често и долго.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време