5 начини како да го исфрлите вишокот вода од организмот: Еден производ е главниот виновник за насобирање течности

Прочитајте

Еден од честите проблеми со кој многумина се соочуваат е насобирањето вишок течности во организмот – ви откриваме како да се ослободите од нив

Насобраната вода во организмот често може да нè доведе до заблуда дека имаме вишок килограми, па се наметнува прашањето како да се ослободиме од вишокот течности во организмот и како да го спречиме нивното насобирање.

Еден од најчестите фактори за задржување вода е внесувањето преголема количина на сол. Бубрезите имаат задача да ја регулираат количината на вода што телото ја задржува или излачува, а доколку се консумираат оброци со висока количина на натриум, бубрезите ќе ја задржуваат водата за да го растворат високото ниво на сол.

Постојат и други фактори што можат да влијаат врз задржувањето вода, а тоа се:

  • Лоша исхрана
  • Лоша циркулација
  • Недоволно движење и премногу седење
  • Дефицит или вишок на некои витамини и минерали
  • Проширени вени
  • Стрес
  • Менструален циклус
  • Изложеност на топлина предолго време
  • Алергии
  • Болести на црниот дроб
  • Болести на срцето
  • Болести на бубрезите
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Одредени лекови

Постојат многу симптоми што укажуваат на вишок вода во организмот, додека вообичаените подрачја врз кои влијаат симптомите се потколениците, рацете, нозете, градите и стомакот.

Кај нозете, стапалата и рацете, симптомите вклучуваат:

  • Отекување
  • Промени во бојата на кожата
  • Сјајна или отечена кожа
  • Појава на отпечаток кога ќе се притисне прстот врз кожата
  • Болки во нозете
  • Крутост во зглобовите
  • Качување килограми

Исто така, причините може да бидат и од здравствена природа, а кога тоа е случајот, најчесто се однесуваат на работата на бубрезите.

Еве како можете да придонесете за исфрлањето на вишокот течности:

  • Пијте вода – Консумирањето вода ќе ви помогне да го растворите нивото на натриум во телото. Исто така, внесувањето доволно вода може да ви помогне да симнете килограми.
  • Движете се – Физичката активност секогаш е добредојдена и нуди бројни придобивки за здравјето на организмот. Со потењето се ослободува вода од телото, како и електролити, како натриум, кои може да бидат причината за подуеноста.
  • Откажете се од преработената храна – Индустриски преработените намирници содржат бројни вештачки адитиви, кои исто така можат да влијаат врз задржувањето вода во телото. Освен тоа, можат да доведат и до  качување непотребни килограми.
  • Ограничете ја количината на јаглехидрати – Консумирањето јаглехидрати нема директно да предизвика задржување вода. Меѓутоа, за секој грам јаглехидрати што се складира во организмот како гликоген, телото задржува околу 3 грама вода. На тој начин, телото одржува рамнотежа. Но кога ќе внесете помалку јаглехидрати или помалку калории, ќе потрошите гликоген, а со тоа и вода. Исто така, се верува дека претераното и неправилното внесување јаглехидрати доведува до дебелеење.
  • Внесувајте магнезиум – Храна богата со магнезиум е зелениот листест зеленчук, бадемите, авокадо… Магнезиумот исто така позитивно влијае врз работата на нервниот систем.
20 најдобри природни диуретици: Овие намирници ги исфрлаат вишокот течности од организмот и го регулираат крвниот притисок
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.