4 лесно достапни намирници против рак!

Ги издвојуваме овие 4 намирници како заштита од рак

Дури 60 проценти исхраната е важна за развивање на канцерогените промени на клетките

Брокули

Глукозинолатите кои се наоѓаат во брокулата на овој зеленчук му даваат лут вкус, но и ја намалуваат веројатноста за појава на малигни клетки. Оваа состојка е многу активна при жвакањето и во текот на варењето и исклучително е ефикасна во борбата против рак на дојка и рак на мочниот меур.

Риба

Кај жените кои конзумираат премногу мрсна храна, ризикот од заболување на рак на дојка е и до 55 проценти. Нутриционистите јасно дефинираа што е „премногу“: јадење мрсна храна повеќе од три пати неделно. Оние кои се преориентирани на риба (три пати неделно е сосема доволно), го намалуваат ризикот од малигно заболување и до 65 проценти. Омега 3-масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанувањето на малигните ќелии, туку го спречуваат и понатамошниот развој на веќе формираните. Кај лицата заболени од рак, кај кои рибата е често на трпезата, постои голема шанса канцерогените ќелии во нивниот организам понатаму да не се развиваат.

Домати

Црвените плодови не само што се нискокалорични (100 грама содржи од 17 до 20 калории) туку се и многу вкусни. Доматот е зеленчук кој има најмногу ликопен, супстанца поради која оваа билка е со црвена боја и служи како многу значаен заштитник на срцето и крвните садови. Ликопенот, меѓутоа, може и повеќе – да го забави растот на малигните ќелии и до 50 проценти – а во комбинација со витамин Е кој се наоѓа во масла и масти од растително потекло, нивниот раст се намалува дури и до 70 проценти. Неговата концентрација се зголемува со загревање – зготвен или термички обработен (на пример во вид на ќечап или сос) доматот е многу ефикасен во борба против рак отколку кога се конзумира сиров.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.