3 симптома на рак што можат да се појават наутро: Се чувствуваат веднаш по будењето и не е лесно да се игнорираат!

Бидете внимателни!

Симптомите на рак се различни, но постојат 3 симптома што се појавуваат во утринските часови и кои не би требало да се занемарат

Според истражувањето Cancer Research UK, постојат 3 симптома на рак што се појавуваат во утринските часови.

Тоа се: умор, мачнина и главоболка.

Како што се наведува во оваа студија, „уморот е многу чест кај луѓето кои боледуваат од рак и честопати може да биде и најтешкиот симптом“.

„Многу луѓе велат дека тоа е најразорниот несакан ефект од сите симптоми на оваа опасна болест. А уморот поврзан со рак може повеќекратно да влијае врз човекот, и физички и емоционално и ментално“, се наведува во истражувањето.

Според објаснувањето на научниците, уморот во случај на карцином најчесто е резултат на тоа што клетките на рак ги исцрпуваат резервите на хранливи материи во телото за да пораснат и да напредуваат.

Истражувањата покажуваат дека уморот може да биде поизразен кај канцерот на крв, бидејќи оваа болест потекнува од коскената срж. Коскената срж е витална детерминанта на тежината на ракот, бидејќи е задолжена за производство на црвени крвни зрнца, кои пренесуваат кислород во различни делови од телото. Меѓутоа, иако уморот може да биде најизразен кај карциномот на крв, тој е вообичаен симптом кај сите видови тумор.

Мачнината, како симптом на рак, е карактеристична во случај на тумор на мозокот, тумор на црниот дроб и гастроинтестинален тумор. Луѓето со напреднат рак често се чувствуваат многу болно, а таа состојба, според објаснувањето на истражувачите последица од лекувањето на карциномот со хемотерапија или зрачење, раст и ширење на ракот, блокада на цревата или поради локацијата на која туморот првично се развил.

Меѓутоа, истражувачите напоменуваат дека мачнината може да биде нуспојава на неколку други здравствени компликации и ретко е поврзана со рак. Исто така, утринската мачнина често се толкува и како јасен показател дека болеста напредува, особено во случај на рак на дојка.

„Знаците дека ракот на дојка можеби се проширил на мозокот вклучуваат и мачнина, особено кога заболената личност ќе се разбуди наутро. Тоа може да биде случај и со одредени симптоми на тумор на мозокот“, се наведува во истражувањето.

Главоболките се еден од главните симптоми на тумор на мозокот, но има многу причини за појава на главоболки. Главоболките предизвикани од тумор на мозокот може да имаат неколку посебни карактеристики, на пример, може да бидат јаки и упорни. Може да се влошуваат во период од неколку дена или да стануваат сè полоши наутро.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.