3 работи што ги открива јазикот за здравјето на вашето тело: Чист јазик – здрави внатрешни органи!

Обрнете внимание

Земете огледало и добро погледнете го вашиот јазик

Ако внимателно го погледнете јазикот во огледало, ќе забележите знаци што укажуваат на одредени здравствени проблеми:

Микропукнатини – Пукнатините што се наоѓаат на средина или на задниот дел од јазикот, укажуваат на проблеми со цревата или цревна малапсорпција, алергии или осетливост на храна.

Слузница – Јазикот има свој нормален заштитен слој, но густата, жолта или бела слуз може да биде знак на насобрани токсини во цревата. Ако се акумулира на средина на јазикот, тоа е симптом на проблеми со тенкото црева, а ако е во задниот дел на јазикот, имате проблеми со дебелото црево.

Кафеав или темен слој на јазикот – Темниот или црниот слој на јазикот може да е последица од пушење цигари, кафе или темни чаеви, но и лоша орална хигиена. Во тие случаи, неопходно е да го миете јазикот со четка за заби додека го отстраните слојот.

Траги од забите на рабовите на јазикот – Ова се симптоми на лоша дигестија или лоша апсорпција на минерали. Пукнатините и трагите од забите може да сигнализираат дека имате проблеми со цревата, но и со ниско ниво на желудочна киселина.

Упорни црвени дамки – Ова може да биде ран знак на рак на јазикот, но немојте веднаш да паничите, бидејќи многу често може да се помешаат со црвените лезии кои зараснуваат по неколку недели. Во секој случај, задолжително одете на лекар.

Ако го одржувате јазикот чист, тоа значи дека се грижите за здравјето на внатрешните органи. Па затоа, два пати дневно добро мијте го јазикот и правете детоксикација на организмот за да го поттикнете варењето и функцијата на сите органи во телото.

Тест: Проверете го своето здравје дома!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.