3 природни начини на кои можете да ја смирите болката во грлото

Промената на сезоните секогаш со себе носи промени. Есента, која често претставува нов почеток, за многу луѓе значи промени во телото и имунитетот.

Постуденото време носи со себе настинки, грип и есенски алергии, кои често се придружени со болка, гребење и сувост во грлото. Ако сте забележале некои од овие промени и не сакате веднаш да користите лекови, подолу се дадени три природни рецепти за намалување на болки во грлото.

Гаргара со солена вода

Неколку научни студии покажаа дека гаргарањето со солена вода неколку пати на ден го намалува отокот во грлото, го чисти од слуз и од бактерии. Лекарите препорачуваат растворање на половина лажичка сол во чаша топла вода и плукање на водата по гаргара.

Златно млеко

Златното млеко ќе го добиете со мешање на 100 милилитри млеко со паста од куркума. За пастата од куркума, ќе ви требаат 100 грама куркума, лажица ѓумбир во прав, лажица цимет, лажичка црн пипер, 100 грама органско масло од кокос и 350 милилитри филтрирана вода. Ќе ги измешате состојките и ќе ги загреете на пониска температура до вриење и варете 10 минути. Оладената паста ќе ја ставите во фрижидер. Златното млеко ќе ги убие микробите и вирусите во грлото и ќе го зајакне имунитетот.

Лук и ѓумбир

Лукот и ѓумбирот се познати по своите антибактериски својства. Ако додадете малку маслиново масло и исцеден лимон во рендан лук и ѓумбир, ќе добиете пијалак што ќе помогне да се смири болката во грлото и исто така да се подигне имунитетот.

Прочитајте и: Истражување на јапонски научници открива: Конзумирање ориз го подобрува спиењето

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.