3 напивки што ги регулираат хормоните: Секоја жена мора да знае за овој лек!

Народна медицина

Постојат средства поефикасни од лековите за регулација на хормоните

Кога размислувате  за хормонско здравје, што прво ви паѓа на памет? Таблети? Не би требало, бидејќи постојат ефикасни природни средства.

Темата за урамнотежено хормонско здравје со текот на годините станува се’ поактуелна. Но пред да посегнете по лекови, пробајте ги овие три природни рецепти што го стабилизираат лачењето на хормоните.

Топла вода со лимон

Топлата вода со лимон придонесува за намалување на тежината, ги отстранува отровите од организмот, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето. Причината е тоа што лимонот влијае врз хормонот на ситост – лептин. Доколку лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се одбегне дехидратација и го подобрува варењето.

Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте го наеднаш. Утрото подобро ќе ви започне со оваа напивка.

Чај од листови од малина

Листовите од малина уште во минатото се користеле за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдиле дека оваа билка позитивно влијае врз работата на хормоните. Жените што го пијат овој чај за време на бременоста, немаат потешкотии при породувањето.

Рецептот е исто така едноставен: листовите од малина (може да се користат и исушени) прелејте ги со една супена лажица 200 мл зовриена вода и оставете ги да отстојат 10 минути. Немојте да го пиете овој чај пред спиење, подобро е преку ден.

Златно млеко

Златното млеко го подобрува имунитетот и го урамнотежува нивото на хормони во организмот. Оваа напивка загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач, кои создаваат корисна комбинација за регулирање на хормоните и позитивно влијаат врз целиот организам. Ајурведата ја смета куркумата за активен зачин, кој ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогенот.

Рецепт: во 200 мл врело млеко додајте половина кафена лажичка куркума и лажичка кокосово масло. Може да додадете и мед, по вкус. Оваа напивка подобро е да се пие навечер.

Препорачуваме утрото да го започнете со топла вода со лимон, чајот од малина да го пиете во текот на денот, а пред спиење да се почестите со топло златно млеко.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.