11 сигнали дека вашиот црн дроб е сериозно загрозен: Ако го почувствувате ова, веднаш одете на лекар!

Внимавајте

Доколку препознаете некој од овие симптоми, ве советуваме да одите на лекар

Со оглед на тоа што имаме само еден црн дроб кој врши исклучително важни функции во нашиот организам, важно е правилно да се грижиме за него. Овој орган не само што помага за филтрирање на токсините и прочистување на крвта, туку ја одржува и рамнотежата на хормоните. Голема улога игра и во обработката и дистрибуцијата на хранливите материи од храната.

Како да препознаете дека му треба помош на црниот дроб? Постои заблуда дека можете да го оштетите црниот дроб само доколку сте алкохоличар, но постојат и други причини што можат да го оштетат. Тоа може да биде и баналната консумација на некои лекови и суплементи што повеќето од нас ги применуваат.

Болен црн дроб – симптоми на кои треба да обрнете внимание

1. Бледи, бели или жолти нокти

2. Појава на модрици на различни делови на телото

3. Жолта кожа и очи

4. Болка во стомакот и подуеност

5. Отекување на нозете и глуждовите

6. Јадеж на кожата

7. Темна урина

8. Бледа, крвава или црна столица

9. Хроничен замор

10. Мачнина или нагон на повраќање

11. Губење на апетитот

Доколку забележите дека имате еден или повеќе од горенаведените симптоми, прво треба да одите на лекар, а потоа и да го прочистите црниот дроб со промена на исхраната.

Како да го прочистите црниот дроб:
  • Пијте што повеќе вода.
  • Приготвувајте органска храна и одбегнувајте таква што содржи ГМО.
  • Престанете да ги консумирате сите видови рафинирани шеќери, вклучувајќи бел, кафен, шеќер од цвекло и шеќерна трска, како и сок и кристали од шеќерна трска.
  • Урамнотежете ја вашата исхрана – внесувајте повеќе здрави масти, ферментирана храна, непечени јаткасти плодови, про’ртени зрна, семиња, сирова храна и растителни и животински протеини.
  • Јадете повеќе зелен листест зеленчук, кој е богат со витамини Б, Ц и К, како и со минералите магнезиум и фолат.
  • Јадете повеќе кељ, брокули, прокељ, аспарагус, кромид, лук и јајца од органско потекло.
  • Одбегнувајте употреба на рафинирани масла што предизвикуваат воспаленија. Тоа подразбира растителни, соини, пченкарни, маслени и сончогледови масла.
  • Заменете ги горенаведените масла со поздрави алтернативи, како што се кокосово масло, палмино масло и масло од авокадо.
  • Внесувајте повеќе храна богата со аминокиселини, како што се кељ, цвекло, магдонос, спанаќ, јајца и пилешко месо.
  • Ограничете го внесот на фруктоза на 25 грама дневно.
  • Зголемете го внесот на диететски влакна на 35 грама дневно, јадејќи прокељ, брокули, артичоки, авокадо, чиа семе и ленено семе.
  • Обидете се да одбегнувате алкохол колку што можете.

Пожелно би било овие намирници да бидат составен дел од вашата исхрана, бидејќи се најдобри за прочистување и регенерирање на црниот дроб. Покрај нив, благодарение на своите антиоксидативни и антивоспалителни својства, и куркумата помага за спречување болести на црниот дроб и обновување на неговите функции. Куркумата треба да се консумира секој ден, бидејќи е многу корисна за здравјето на целиот организам. Имајте на ум дека куркуминот, поефикасно се апсорбира кога се комбинира со црн бибер.

Кога црниот дроб не работи правилно, целиот организам страда: Со овие навики несвесно го уништувате здравјето на најважниот орган!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.