1 знак на ноктите открива смртоносна болест: Итно посетете лекар пред да биде предоцна

Иако повеќето луѓе ноктите ги доживуваат само како естетски детал, експертите предупредуваат дека промени на ноктите можат да укажуваат на сериозни здравствени проблеми, особено оние поврзани со срцето.

Не станува збор за габички, кршење или промена на бојата на ноктите, туку за нешто посуптилно, но опасно – Квинкеров знак.

Што е Квинкеров знак и како да го препознаете?

Станува збор за едноставен тест кој можете да го направите дома: притиснете ги ноктите и набљудувајте како се менува бојата. Ако забележите дека бојата ритмично се менува од розова во бела и обратно, во согласност со отчукувањата на срцето, тоа може да биде предупредување дека срцето не пумпа крв правилно, туку дел од крвта тече назад.

Овој тивок сигнал не смее да се игнорира, бидејќи може да укажува на сериозно срцево заболување кое бара итна лекарска проценка.

Зошто е опасен?

Како што објаснува д-р Дана Бремс, станува збор за состојба кога аортниот залисток не се затвора правилно, па дел од крвта, која би требало да се испумпа од срцето кон телото, се враќа назад. Поради тоа, срцето мора да работи повеќе отколку што треба, што со текот на времето може да доведе до слабеење на срцевиот мускул, застој на срцето, па дури и до ненадејна смрт ако не се препознае и лекува навреме.

Квинкеровиот знак се забележува и дома, ако при притискање на ноктите се појавуваат ритмички промени на бојата во согласност со отчукувањата на срцето. Во таков случај, итно побарајте лекарска помош.

Други симптоми кои можат да укажуваат на аортна инсуфициенција:

  • Замор и слабост, дури и при лесни активности

  • Палпитации (брзо или неправилно чукање на срцето)

  • Болка во градите

  • Недостаток на воздух, особено при напор или кога лежите

  • Оток на нозете или вртоглавица

Ако го препознаете Квинкеровиот знак заедно со еден или повеќе од овие симптоми, тоа е сериозен сигнал да се обратите кај лекар што е можно побрзо.

Истражувања потврдуваат дека ноктите можат да спасат живот

Во студија објавена во British Medical Journal (BMJ) во 2021 година, опишан е случај на 74-годишен маж каде токму Квинкеровиот знак бил пресуден за дијагноза на сериозна срцева инсуфициенција.

Пациентот имал симптоми како тешко дишење, оток на екстремитетите и покачен венски притисок. Но она што веднаш ги привлекло вниманието на лекарите биле ритмичките промени на бојата на ноктите, кои укажувале на враќање на крвта – аортна регургација, позната и како „течење на срцето“.

Не игнорирајте ги тивките сигнали на телото

Вашето тело често испраќа предупредувања многу пред болеста да стане сериозна. Клучно е да ги препознаете навреме, бидејќи понекогаш токму ноктите можат да спасат живот.

Ова е совршен пример како еден наизглед безначаен детаљ може да укаже на сериозен здравствен проблем“, нагласува д-р Дана Бремс, специјалист на интерна медицина.

Ако забележите пулсирачки промени на бојата на ноктите во ритам со отчукувањата на срцето, немојте да чекате. Тоа може да биде сигнал за аортна инсуфициенција, сериозно заболување кое бара брза дијагноза и лекување.

Посетете лекар што побрзо. Во здравјето, брзината на препознавање на проблемот често прави разлика помеѓу навремено закрепнување и опасност по живот.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе