ОВИЕ знаци укажуваат на недостаток на калциум во организмот!

Проблеми со концентрацијата, кршливи нокти, чувствителни заби, грчеви во мускулите… Проверете кои симптоми укажуваат на недостатоци од калциум.

Калциумот е исклучително важен елемент за здрав организам. Тој, меѓу другото, е одговорен за цврсти коски и заби, а истовремено помага и за правилно функционирање на мускулите и срцето. Освен тоа, калциумот е неопходна состојка за нормален раст и развој кај децата.

Кои се причините за недостаток на калциум?

Недостатокот може да се јави како резултат на повеќе причини, како на пример:

Несоодветна исхрана

Земање лекови кои ја инхибираат апсорпцијата на калциум

Нетолеранција на храната богата со калциум

Хормонални промени

Генетски фактори

Менопауза

Проблеми со тироидната жлезда

Недостатокот на калциум се манифестира преку неколку симптоми. На почетокот знаците не се толку очигледни, но со текот на времето стануваат сè поизразени.

Најчести симптоми кои укажуваат на недостаток на калциум се следните:

Збунетост

Проблеми со меморија

Вкочанетост во рацете, стапалата и лицето

Депресија

Халуцинации

Мускулни грчеви

Чести фрактури или кршливи коски

Чувствителни заби

Ако се сомневате дека имате недостаток на калциум, консултирајте се со вашиот лекар. Сепак, не заборавајте дека калциумот ќе го внесете во организмот преку правилната исхрана.

Ова се намирниците кои содржат калциум:

Тофу

Лосос

Грав

Брокула

Портокали

Суви смокви

Важно е внесувате доволна количина на витамин Д кој ја подобрува апсорпцијата на калциум.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.