Тест на крвта што може да открие повеќе од 50 видови рак

Новитет во медицината

Се развива едноставен тест на крвта кој може да открие повеќе од 50 видови на карцином, честопати дури и пред какви било симптоми, според меѓународен тим на експерти. Новиот тест би можел целосно да го промени раното дијагностицирање на туморите, кога тие полесно се лекуваат.

Повеќе од 99% од позитивните резултати беа точни, но експертите објаснуваат дека е клучно за тестот да биде што е можно попрецизен за да не им се даде лажна надеж на луѓето. Тестот во моментов се користи на пациенти, но ќе бидат потребни повеќе студии.

Според експертите, тестот бара хемиски промени во делови од генетскиот код, ДНК надвор од клетките што истекуваат од туморот во нашиот крвоток.

Прочитајте и: Oва е најмоќното оружје во борбата против коронавирусот – Само на овој начин се намалува бројот на заразени

Експерти од Институтот за рак „Дана-Фарбер” и Медицинскиот факултет „Харвард”, заедно со колегите од Институтот „Френсис Крик” и Универзитетскиот колеџ во Лондон, тестирале повеќе од 4.000 примероци на пациенти – некои со карцином, а некои без карцином.

Со тестот, тие беа во можност да откријат повеќе од 50 видови на карцином, како што се рак на дебелото црево, белите дробови, јајниците…

Во 96% од случаите, тестот утврди точно за каков вид на рак станува збор.

Обновете ја својата сила и имунитет со овие витамини и намирници

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.