Состојбата на човечкиот метаболизам го одредува квалитетот и должината на неговиот живот

Чувајте го здравјето!

Иако денес информациите се достапни повеќе од кога било, за лековитоста и делотворноста на пробиотиците не се знае доволно, па ајде подобро да ги запознаеме.

Најголемиот дел од одбранбениот систем на организмот се наоѓа во цревата. Дигестивниот тракт посредно овозможува и создавање на клетки на имунoлошкиот систем кои секојдневно се борат со сите микроорганизми и токсини кои се закануваат да го нарушат човечкото здравје.

Затоа употребата на пробиотици е неопходна во текот на целата година, а особено во летниот период, кога бактериите, вирусите и паразитите имаат најоптимални услови за развој.

Пробиотиците го штитат и регулираат нашиот метаболизам, па така нивната примена е корисна во сите ситуации кога е нарушена рамнотежата на цревната флора (отежнато варење, чувство на подуеност, гасови, грчеви, лоша дигестија).

Се употребуваат и со антибиотска терапија, каде што значајно ги намалуваат несаканите ефекти на антибиотиците, како и по нивната примена.

Пробиотиците се лиофилизати на различни соеви на бактерии, со препорачува да бидатповеќе од 3 вида, да се отпорни на дејството на желудечна киселина со цел да се обезбеди адекватна колонизација на цревниот тракт.

Со нивниот натамошен раст во цревата се намалува бројот на „лошите” бактерии кои неповолно влијаат на работата на цревата и притоа се овозможува апсорбција на витамини, минерали и останати неопходни елементи за хомеостаза.

Постојат различни видови на соеви, а тие кои се сметаат за посебно делотворни се Lactobaccilus  и Bifidobacterium.

Посебно ефикасна е комбинацијата на овие соеви со пребиотици. Токму поради нивните специфичности, пребиотиците би требало да бидат во состав на пробиотскиот препарат и во тоа содејствоправат синбиотик. Најпознат пребиотик е инулин. Потекнува од билки, со најголема концентрација  е во цикорија, артичока, глуварче, лук и кромид.

Покрај познатите индикации, корисно е да се знае дека пробиотиците се користат и како помошно средство во лекување на многу други болести (инфекција со бактеријата Helycobacter pylori, акутен панкреатитис, улцерозен колитис, како и Кронова болест).

Кај алергиите при земањето на пробиотик се редуцира јачината на имунолошкиот одговор на алергените. Во случај на здебеленост доаѓа до подобрување на дигестијата на храна, што го забрзува метаболизмот во целост и доведува до полесно регулирање на телесната тежина.

На јавноста ѝ е помалку познато дека пробиотиците имаат значајна улога и во превенција на кариес, но и  во заштита од стрес.

Клучот за одржување на природната рамнотежа во варењето на храната и метаболизмот секако е лесно достапен, корисен и едноставен за употреба – EsenBak Пробиотик.

Чувајте го Вашето здравје!

Фото: Pixabay, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.