Што е досега познато за вакцината КОВИД-19, колку е ефикасна и кој прв ќе ја добие?

Вакцината КОВИД-19 ќе биде клучна алатка во борбата против пандемијата, а експертите од целиот свет напорно работат на забрзување на нејзината ефикасност и развој и производство.

Повеќе од 200 производители во моментов работат на вакцината, а многу од нив се подложени на клинички испитувања за ефикасноста на вакцината, известува УНИЦЕФ. Во последната недела, светот ги слушна вестите за двајца производители, чијашто ефикасност достигнува 90 (Pfizer) и 94,5 (Moderna) проценти. Вакцината Пфајзер е тестирана на повеќе од 43 000 луѓе и достигна трета фаза на испитување во која луѓето примаат две дози од вакцината или плацебо со разлика од 28 дена. Испитаниците не знаат во која група се, односно дали добиле вистински лек или лажен лек. Седум дена по втората доза, резултатите покажаа 90 проценти ефективност на вакцината КОВИД-19, а веќе следната недела, Модерна исто така објави вести за сопствена вакцина, што ја надмина ефикасноста на лекот Пфајзер.

Имено, вакцината на Модерна покажува ефикасност од дури 94,5 проценти. Во нивната студија учествувале 30 000 случајно избрани луѓе кои, како и со Пфајзер, примиле две дози на вакцина или две дози на плацебо со разлика од 28 дена. „Позитивните привремени анализи од третата фаза покажаа дека вакцината може да спречи болест КОВИД-19, вклучително и тешки случаи“, рече највисокиот извршен директор на Модерна. Вакцините од двете компании треба да бидат тестирани и одобрени од американската Администрација за храна и лекови за да се покаже дали се целосно безбедни за употреба.

Она што ги прави овие вакцини различни е пред сѐ цената. Вакцината Пфајзер ќе чини од 19 долари за доза, додека Модерна вакцината од 50 до 60 долари за доза. Исто така, вакцината Пфајзер мора да се чува на температура од минус 73 степени Целзиусови. Вакцината Модерна научниците успеаја да ја стабилизираат, па може да издржи до еден месец на температура помеѓу 2 и 8 степени Целзиусови. Нејзиниот рок на траење се продолжува ако се чува на температура од минус 20 степени. Проценето е дека првите корисници на вакцината ќе бидат луѓе „во првите редови“, односно лекари и медицински техничари и стари лица и сериозно болни лица.

Прочитајте и: Дознајте од прва рака: Колку време трае имунитетот на ковид-19 по прележување на болеста?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.