Русија направила лек против коронавирус: Ефикасноста е 90%

Спас!

Министерството за здравје во Русија одобрило уште еден руски лек против коронавирус врз основа на фавипиравир, под трговското име арепливир

Клиничките истражувања покажале дека неговата ефикасност е 90%, односно девет од десет лица со навремено лечење гарантирано нема да починат.

Клиничките испитувања во кои учествувале 210 пациенти со потврдена коронавирусна инфекција со умерен степен, биле спроведени во установи во Москва, Санкт Петербург, Саранск, Смољенск и Рјазањ.

Кај 70% од пациентите што го земале овој антивирусен лек дошло до пресврт првите денови од болести, а по четири дена вирусот исчезнал од организмот.

Десеттиот ден РЛП-тестот кај 100% од пациентите бил негативен. Во контролната група што примала стандардна терапија, 70% од луѓето оздравеле за истото време.

„Арепливирот даде многу добри резултати. Буквално третиот ден на луѓето им падна температурата, симптомите на општа интоксикација брзо се повлекоа и здравјето им се подобри. Десеттиот ден, обемот на оштетување на белите дробови беше намален за 25-35%“, истакнала членка на Руската академија на науки, Лариса Баликова, директорка на Медицинскиот институт при Мордовскиот државен универзитетот „Огарјов“, еден од центрите во кои се спроведувале истражувањата.

Како што се наведува, немало несакани ефекти, освен што препаратот не смеат да го земаат трудници, а што порано се почне со терапија, поголема е ефикасноста и понизок е ризикот од компликации.

Лек во болниците на почеток на јули

„Најдовме лек за новата болест за еден и пол месец. Претходно невозможно беше да се поверува во тоа. Но тоа не е заслуга само на биолозите кои брзо синтетизираа лек. Обединетите напори на системските биолози и клиничари, научници и произведувачи, беа возможни благодарение на законодавните иницијативи на владата“, коментирал раководителот на клиничките испитувања на Руската академија на науки, Дмитриј Пушкар.

Клиничките испитувања на арепливирот се потполно завршени, резултатите се обработуваат и се подготвуваат за пренос до Министерството за здравје. Како што пренесува „Спутник“, ако Министерството го прегледа веднаш и ја преквалификува привремената потврда во трајна, лекот ќе се појави во болниците на почеток на јули.

„Без оглед на вториот бран на болеста што се предвидува наесен, ние имаме ‘заштитен чадор’“, истакнал претседавачот на Управниот одбор на „Промомед“, Петар Бели.

Ново откритие на научниците: Имунитетот на коронавирус веројатно е поголем одошто покажуваат тестовите!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време