Откриен е нов симптом на коронавирус: Ако ја забележите оваа промена на усните, веднаш јавете се на лекар!

Побарајте лекарска помош

Не смеете да ја игнорирате оваа промена на усните

Симптомите на коронавирус вклучуваат температура и континуирана кашлица, но откриено е дека и промената на усните може да биде еден од симптомите на овој опасен вирус.

Моменталниот медицински совет на Светската здравствена организација гласи дека задолжително треба да се јавите на лекар ако имате висока температура, болки во градите и континуирана кашлица во рок од еден час или имате неколку такви епизоди во текот на денот.

Центарот за контрола и превенција на болести наведува дека помодрените усни исто така се знак дека треба што побрзо да се јавите на лекар.

Овој симптом може да се јави кога болеста ќе напредува и ќе почнете да чувствувате недостиг на воздух, отежнато дишење, неспособност да зборувате и чувство на гушење.

Освен тоа, Американската офталмолошка академија предупредила дека постојат извештаи дека коронавирусот е поврзан со конјуктивитис, што може да предизвика и црвенило на окото, пренесува Си-ен-ен.

Очите јасно откриваат дека имате коронавирус: Овие два симптома не се безначајни!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.