Нечија крв е послатка од другите: Ако ја имате оваа крвна група, вие сте жива мамка за комарци!

И комарците одбираат!

Комарците ја обожаваат оваа крвна група

Во секое друштво постои личност која им е попривлечна на комарците, а има и такви што комарците ги одбегнуваат. Луѓето со крвна група Б се наоѓаат во златна средина.

За што точно се работи?

Имено, како што тврдат на Универзитетот на Флорида, еден од водечките фактори е вашата крвна група.

На комарците најважна им е вашата крвна група, но не за мажјаците. Женките комарци зависат исклучиво од протеините во човечката крв, а некои типови крв сепак се повкусни од другите за овие мали крвопијци.

Па така, истражувањата докажале дека два пати попривлечни се луѓето со нулта крвна група, за разлика од оние со крвна група А, кои најчесто ги одминуваат. Луѓето со крвна група Б се наоѓаат во златната средина.

Исто така, дури 85% од луѓето произведуваат секрет кој им ја сигнализира нивната крвна група на комарците, поради што најмногу ги привлекуваат.

Откриваме: Што привлекува комарци и дали можете да ги избегнете?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.