Научниците направија тест за откривање на карцином!

Најново откритие

Група научници од Америка и Кина направија тест кој овозможува анализа на крвта на пациентот за откривање на карцином четири години пред да се појават симптомите, се вели во написот во научното списание „Nature Communication“.

Научниците во Кина собрале примероци на крв од пациенти кои се борат со рак во периодот од 2007 до 2017 година. Во истражувањето учествуваа повеќе од 120.000 луѓе, од кои беа земени повеќе од 1,5 милиони примероци од крв.

Покрај тоа, научниците зедоа анализи од луѓе на кои им беше дијагностициран карцином само неколку години откако донираа крв.

Тестот може да открие карцином на желудникот, хранопроводот, црниот дроб и белите дробови.

Покажано е дека тестот „PanSear“ овозможува откривање на карцином во раните фази кај асимптоматски пациенти, со веројатност за точност од 91 процент.

Научниците ќе продолжат да го усовршуваат методот, се наведува во статијата.

Прочитајте и: Чајот од кромид е вистински спас: Овој народен лик ги чисти бронхиите, ја сопира кашлицата и го спречува грипот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.