Наместо кафе… Здрави замени за инстант-енергија!

Пробајте ги!

Две шолји од ароматичната црна напивка дневно се во ред, но ако сте забележале дека претерувате и сакате да се ослободите од оваа лоша навика, ви ги предлагаме следниве напивки во кои ќе уживате исто колку и во највкусното капучино, а притоа ќе внесувате здрави состојки во организмот…

… СПИРУЛИНА

Спирулина е модро-зелена алга, позната по многубројните придобивки: од јакнење на имунолошкиот систем, преку подобрување на работата на срцето, па сè до забавување на стареењето. Напивката „спирулина лате“ ќе можете многу лесно да ја приготвите дома – измешајте во блендер лажичка прав од спирулина, топло млеко по избор и зачини (ѓумбир, цимет, мед…).

… ЦИКОРИЈА

Има мирис и вкус на кафе, а не е кафе. Се прави од мелен сушен корен на билката цикорија, кој понекогаш се меша со јачмен во прав или со ‘рж. Не содржи кофеин, но затоа во себе го има моќниот пребиотик – инулин.

… МАЧА

Напивката од зелен чај во прав е сè попопуларна, дури и познатиот синџир на кафетерии „Старбакс“ ја вклучил во својата понуда. Иако „мача лате“ содржи кофеин, шолја мача содржи исто толку кофеин колку ¼ шолја кафе, па затоа напивката има слабо смирувачко дејство. А тука се и многуте антиоксиданси.

… МОРИНГА

Се прави од правот од лисјата на дрвото моринга. „Моринга лате“ е одличен извор на железо и витамин А. Содржи и билни протеини, кои помагаат во одржувањето на нивоата на енергија.

Текст: Б. Стојменовиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.