Кога човек ќе умре, тој е свесен за сè уште неколку часа: Мозокот работи без прекин!

Верувале или не

Новите истражувања го потврдуваат фактот што го навеле луѓето кои доживеале клиничка смрт: по прекинот на работата на срцето, мозокот работи уште неколку часа

Човечкиот мозок сè уште работи откако срцето ќе престане со работа, со други зборови, мозокот знае дека сте мртви, покажало истражувањето спроведено на Универзитетот Stony Brook School of Medicine во Њујорк. Луѓето што умираат, сепак уште некое време остануваат свесни за сè што се случува околу нив, напоменуваат експертите.

Оние што преживеале срцев удар и „се вратиле“ во живот по клиничка смрт, често сведочат дека знаеле што се случува околу нив, слушнале и кога лекарите го прогласиле времето на нивната смрт, односно времето кога срцето престанало да им работи.

Водичот на истражувањето, доктор Сем Парниа од споменатиот Универзитет, појаснил дека во текот на истражувањето се покажало дека луѓето кои „се враќаат во живот“ по тоа искуство, имаат зголемена желба да им помогаат на другите.

„Ги опишуваа своите искуства како ги гледале докторите и медицинските лица како работат и се обидуваат да ги спасат, биле свесни за сè“, рекол Парниа.

Докторите го прогласуваат времето на смртта кога срцето ќе престане да работи, но мозокот и понатаму е „жив“. Кога на човек со застој на срцето му се дава вештачко дишење и масажа на срце за да се врати во живот, мозокот тогаш добива 50 отсто од потребниот кислород, што ги одржува некои од неговите функции.

Мозочните клетки можат да бидат активни со часови откако срцето ќе престане да работи. Колку подолго му давате на човекот што умира вештачко дишење и масажа на срце, толку подолго ќе се одржува и таа делумна мозочна активност, но на забавено ниво.

Исповеди на луѓе што доживеале клиничка смрт: Еве што се случува после смртта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.