Кај оваа група луѓе коронавирусот предизвикува мозочен удар: Погодува силно и директно, проверете дали сте изложени на ризик!

Истражување

Истражувањето покажало дека 39 од 125 пациенти покажале знаци на збунетост или промени во однесувањето, што се одразило и на нивната душевна состојба

Прелиминарно испитување на пациенти хоспитализирани поради ковид-19 покажало дека болеста во некои потешки облици може да предизвика оштетување на мозокот, да предизвика компликации како мозочен удар, воспаленија и симптоми како психоза и деменција.

Ова се резултатите од првото детално истражување за распонот на невролошките компликации на ковид-19, изјавиле истражувачите, нагласувајќи ја потребата од опширни истражувања за да се откријат механизмите што се кријат зад нив и да се олесни потрагата по лекот.

„Ова е важно евидентирање на компликациите од ковид-19 поврзани со мозокот кај хоспитализираните пациенти. Многу е важно да се продолжи со собирање вакви информации за целосно да го разбереме вирусот“, рекла коавторката на истражувањето, професорка на колеџ во Лондон, Сара Пет.

Во истражувањето објавено во четврток, во магазинот Lancet Psychiatry детално се проучени 125 случаи од Велика Британија. Коавторот Бенедикт Мајкл од факултет во Ливерпул рекол дека важно е да се напомене дека истражувањето било фокусирано на тешки случаи на болеста.

Податоците биле собрани помеѓу 2 и 26 април, додека бројот на заболени во Велика Британија линеарно растел.

Најчестата компликација бил мозочен удар, кој е пријавен кај 77 од 125 случаи. Од тие случаи, повеќето биле пациенти постари од 60 години, а кај повеќето станувало збор за исхемиски удар, односно крвно згрутчување во мозокот.

Истражувањето покажало и дека 39 од 125 пациенти покажувале знаци на збунетост или промени во однесувањето, што се одразило и на нивната душевна состојба. Меѓу нив, девет лица имале неспецифични мозочни дисфункции, односно енцефалопатија, а кај седуммина било забележано воспаление на мозокот, односно енцефалитис.

Мајкл рекол овие откритија се важен чекор кон дефинирањето на дејството на ковид-19 врз мозокот.

„Сега ни требаат детални студии што ќе ни помогнат да ги разбереме можните биолошки механизми, за да можеме да ги истражиме и можните лекови“, открил Мајкл.

Коронавирусот тешко ќе опстане во организмот што ги има овие витамини: Пијте го ова како превенција!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.