Истражувањето потврди: Бремените жени и бебињата заразени со Ковид-19 се повеќе склони кон сериозни компликации

Бремените жени заразени со ковид-19 и нивните новороденчиња имаат поголем ризик од развој на компликации, потврди во петокот новото истражување на британските научници.

Студијата е спроведена на повеќе од 2.100 бремени жени во 18 земји, а секоја бремена жена со ковид-19 е споредувана со две бремени жени кои не биле заразени и се породиле во иста болница истовремено.

Инфекцијата со новиот коронавирус кај новороденчињата е поврзана со тројно поголем ризик од здравствени компликации, велат научниците од Оксфорд.

„Бремените жени заразени со ковид-19 имаа 50 проценти поголема веројатност од другите бремени жени да развијат компликации, вклучувајќи предвремено породување, висок крвен притисок со откажување на органите, потреба од интензивна нега или смрт“, рече професорот по фетална медицина Арис Папагеоргиу.

Сепак, се чини дека доењето не претставува ризик дека бебињата ќе бидат заразени од мајки кои имаат ковид-19, велат научниците.

Прочитајте и: Нова студија открива колку се безбедни вакцините „Модерна“ и „Фајзер“ за време на бременоста

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.