Истражување: Како што старее човекот, мамурлакот е полесен

„Мамурлакот е полесен и послаб како што старееме“, ова го потврди неодамнешното истражување објавено во списанието „Алкохол и алкохолизам“, кое исто така објасни интересни информации за последиците од консумирањето алкохол.

Наспроти она што повеќето луѓе веруваат, новото истражување тврди дека мамурлакот е всушност полесен и послаб како што старееме.

За младите често се верува дека подобро толерираат алкохол и имаат помалку последици по конзумирање алкохолни пијалаци, но ова истражување го покажа токму спротивното. Една можна причина за ова е што едноставно се навикнувате и подобро се справувате со алкохолот со текот на годините. Исто така, со стареењето доаѓа намалена чувствителност на болка, што може да помогне мамурлакот да не остави толку многу последици.

Оваа најнова статија е објавена во списанието наречено „Алкохол и алкохолизам“ и бележи интересни информации дека штетните ефекти од злоупотреба на алкохол имаат тенденција да опаѓаат со возраста, како што се зголемуваат вашите работни и семејни одговорности. Сепак, тие исто така забележаа дека колку човек се чувствува пијан е прилично клучен фактор во состојбата во која се наоѓа следниот ден.

Ако се чувствувате навистина пијани, големи се шансите да имате големи болки и несакани ефекти следниот ден.

– Тежината на мамурлакот се намалува со возраста, дури и по контролирање на потрошената количина алкохол. Разликите во половите беа најголеми кај помладите возрасни групи, но станаа значително помали или отсутни кај постарите возрасни групи – објасниле истражувачите. Тоа не значи дека треба да се опивате кога сте постари, бидејќи сепак ќе добиете мамурлак. Само сугерира дека можеби нема да биде толку лошо како што може да биде.

Прочитајте и: Денес е Светски ден на чајот: Ве потсетуваме како правилно да го подготвите

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.