Еве зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирус: Најдобро е да го користите вака!

Додаток во исхраната

Се верува дека цинкот може да биде многу ефикасен во борбата против коронавирусот поради истражувањата кои покажале дека земањето на овој минерал го скратува времето на боледување од обична настинка

Долго е познато дека цинкот може да биде многу ефикасен кога станува збор за скратување на траењето на настинката, а сега веќе знаеме дека обичните настинки предизвикуваат коронавируси. Па така, многумина се запрашале дали цинкот може да го ублажи дејството и да помогне во борбата против новиот коронавирус КОВИД-19 кој владее низ планетава.

Цинкот е неопходен минерал за здравјето на луѓето, но не ни треба во големи количини. Околу 15 милиграми дневно се смета за доволно. Тој е одговорен за нашиот имунолошки систем, за зараснување на раните, за видот и развојот на мозокот, а исто така, се покажало дека поседува и антивирусна активност.

Во едно истражување, луѓето кои земале цинк додека имале симптоми на настинка, имале далеку пократко просечно траење на болеста во споредба со контролната група. Тие ја прележале настинката за околу 4,5 дена во споредба со осумте дена што им требале на испитаниците од контролната група. Учесниците земале околу 80 милиграми дневно, што е повеќе од дневните потреби, но тоа не прави проблеми доколку се зема во пократок рок.

Истражувачите не знаат точно зошто цинкот го има ова дејство, но сметаат дека тој може да го спречи вирусот да влезе во клетките поврзани со одредени протеини, а исто така може да го снижи и нивото на воспалителни супстанции што се наоѓаат во крвта, познати како цитокини.

Колку цинкот е корисен за КОВИД-19?

Еден специјалист пулмолог неодамна го погледнал истражувањето спроведено за тоа како интрацелуларниот цинк може да инхибира верзија на коронавирусот САРС-КоВ-2 и како би можел да биде корисен во борбата против актуелниот вирус КОВИД-19.

Истражувањето покажало дека цинкот ја инхибира активноста на рибонуклеинската киселина (РНК) во полимеразите на коронавирусот. Во суштина, тој ја блокира синтезата на РНК, така што вирусот не е во состојба понатаму да се размножува.

Бидејќи постојат многу сличности помеѓу двата вида коронавирус, разумно е да се очекува дека цинкот би можел да влијае и врз КОВИД-19 на сличен начин. Меѓутоа, овој резултат се однесува на цинкот во нашите клетки, па затоа, таблетите со цинк можеби нема да ви бидат од помош.

Иако не е познато дали оралното земање цинк може да го зголеми нивото на нашиот интрацелуларен цинк на начинот на кој липозомските производи го можат тоа, не би ви штетело да го зголемите внесувањето на цинк преку консумирање храна што е добар извор на овој минерал.

На врвот на листата на добри извори на цинк се остригите, кои се далеку над преостанатите намирници кога станува збор за количината на овој минерал. Други добри извори на цинк се ракчињата, говедското и јастогот.

Патолог и истражувач на коронавирусот доктор Џејмс Роб смета дека таблетите што содржат цинк може да бидат корисни против коронавирусот. Тој верува дека, со оглед на ефектот на инхибиција на репликацијата на вируси, па и на коронавируси, можат да бидат корисни во моменталната пандемија.

Меѓутоа, нагласил дека не постои експериментална поддршка за ваквото тврдење. Сепак, тој им препорачува на луѓето да користат таблети со цинк неколку пати дневно, доколку имаат симптоми на треска, болки во мускулите и покачена температура.

Иако не можеме со целосна сигурност да кажеме дека цинкот навистина може да помогне во борбата против коронавирус, тој сигурно нема да ви наштети, напротив може да помогне за други здравствени проблеми. Всушност, недостигот на овој минерал може да предизвика бројни проблеми, како што се, опаѓање на коса, загрозен имунитет, висок холестерол, хроничен замор и остеопороза.

Го убиваат секој вирус што ќе влезе во организмот: Единствените 6 суплементи кои навистина можат да ви го зајакнат имунитетот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.