Домашен тест кој рано укажува на потенцијална инфекција со ковид-19

Развиен од страна на научниците од Британија

Може да се прави дома преку крв, плунка или урина

Научниците од Универзитетот во Њукасл развија тест што може да открие дека некој се заразил со коронавирусот уште пред да се манифестираат симптоми на болеста.

Тестот може да даде резултат за неколку секунди со откривање на ран маркер во човековото тело, кој се ослободува откако имунолошкиот систем ќе дојде во контакт со вирусот.

Иако еден од овие маркери, наречен неоптерин, не го идентификува конкретно ковид-19, сепак
тестот може да покаже дека имуниот систем е активиран.

Тестот може да се смета за рано предупредување“, пренесува „Сандеј телеграф“.

Тестот на британските научници доаѓа откако откако 708 луѓе позитивни на коронавирусот починаа во саботата во Велика Британија, со што вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 се искачи на 4.313 лица.

Колин Селф, професор на Универзитетот во Њукасл, изјави дека новиот тест би можел да го забави ширењето на ковид-19.

Неоптерин-тестот ни дава многу рана индикација дека некој има инфекција“, изјави проф. Селф.

Тестот би можел да се доставува по пошта до голем број на Британци кои се „заробени“ во нивните домови. Може да се прави дома преку крв, плунка или урина.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.